Удвоен прометот во последниот месец: Кои акции беа најтргувани на берзата
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2019
649 милиони денари изнесува остварениот промет на македонската берза во декември кој е речиси удвоен споредбено со ноември.
Податоците од последниот билтен на берзата покажуваат дека прометот пораснал за 82,2 отсто.
Најтргувани акции според билтенот во декември биле акциите на Комерцијална банка кои бележат промет од 1,5 милиони евра.
Акциите на Алкалоид кои се најдоа на листата втори најтргувани во декември оствариле промет 596,328 евра .
На трето, четврто, и петто место се акциите на Макпетрол, Стопанска банка Скопје и НЛБ Банка.
Пад за 9,73 отсто билтенот на берзата регистрира кај класичното тргување кое во декември изнесува 295.846.210 денари споредбено со ноември.
Блок трансакциите за декември се зголемени за 274,61 отсто во однос на месец ноември и тие изнесуваат 106.680.622 денари.