26 Април, 2024
0.0275

Угостителите кај гувернерката, присуствувале и банкари

Објавено во: Економија 17 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Угостителите се сретнале со гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска но и со претставници на банкарскиот сектор. Од Народната банка информираа дека Бежоска им кажала на претставниците на Независната угостителска комора дека ги следат сите движења во економијата и дека и кога почнала пандемсиката криза креирале мерки да им ги олеснат кредитните услови на компаниите. Угостителите бараат каква било поддршка поради последиците од долгиот период во кој беа затворени.

На состанокот се заклучи дека во постојната законска регулатива не постојат пречки за банките за обезбедување реструктурирање на обврските на нивните клиенти. Од претставниците на банките беше истакнато дека угостителскиот сектор и натаму може да смета на поддршката од банките во надминувањето на последиците од корона-кризата и дека дел од банките веќе преземаат активности со кои се доаѓа до најсоодветните можности за нивните клиенти од овој сектор, стои во соопштението од Централната банка.

Се тврди дека банките, ќе продолжат со преземањето активности на индивидуално ниво кон клиентите од угостителскиот сектор. 

„На предлог на тимот на Народната банка, НУК ќе продолжи со директна комуникација со банките, а во случај на потреба, заеднички ќе организираат дополнителни средби и помеѓу банките, Комората и угостителите, заради изнаоѓање натамошни решенија за финансиска кредитна поддршка во интерес на двете страни. Во зависност од натамошниот развој на настаните, доколку постои потреба ќе се разгледа и можноста за дополнителни мерки и активности коишто ќе овозможат надминување на привремените отежнати услови на работење на најпогодените сектори, велат од Народната банка.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија