26 Април, 2024
0.0300

Угостителите пропаѓаат: Се прикучија кон барањето за смена на директорот на Агенцијата за промоција на турзмот

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Угостителскта индустрија трпи големи штети во ковид кризата, а Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот не направи ништо. Со ова тврдење и Независната угостителска комора (НУК) се приклучи кон барањето за смена на директорот на Агенцијата и за избор на нов директор на предлог на реалниот сектор.

Во изминатите месеци оваа година во период и во услови кога сме соочени со здравствена криза – пандемија Ковид 19 со која угостителската индустрија трпи енормни штети и последици, од страна на Агенцијата не се преземени никакви конкретни активности и мерки за угостителите особено за учество и посредување во комуникацијата со угостителите и со Владата и Комисијата за заразни болести со кои би можеле навреме да укажеме за многу недоследности во донесените мерки и протоколи за работа на угостителските објекти, велат од НУК.

Предлагаат да промена името на институцијата во Агенција за поддршка и промоција на туризмот и угостителството со што во иднина и угостителскиот сектор ќе биде рамноправно вклучен во активностите за промоција и поддршка на национално ниво.

Забележуваат и дека во ниту една од рекламните кампањи што Агенцијата ги има направено,не се вклучени угостителите и угостителската индустрија.

Поддршка за ова нивно барање очекуваат од претседателот на државата и премиерот, како и брза реакција на Владата за реализација на овие нивни барања.

Иницијативата за оставка на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот потекна од Здружението на угостителството и туризмот при СКМ, Туристичко-угостителската комора на Македонија и Националната асоцијација за дојдовен туризам – НАИТМ.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката