05 Мај, 2024
0.0254

УЈП и по два пати дневно ги „тресеше“ угостителите со инспекции

Објавено во: Економија 10 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Во екот на летната сезона дел од угостителите од Кеј 11 ноември, улица Македонија и Боемска ни посочија дека за време на Супер купот и деновите претходно и по два пати на ден биле „тресени“ од даночните инспектори на УЈП. Контролите навистина беа засилени со оглед на зголемениот број на туристи и навивачи кои го гледаа натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, како и вообичаените културни и забавни манифестации. При контролите забележани се и отстапки кај дел од угостителите.

- Управата за јавни приходи пред еден месец најави засилен мониторинг на готовинскиот промет пред се заради превентивно делување во пресрет на најавените настани од спортски, културен и забавен карактер за време на летниот период (Супер куп, Пивофест, Струмица Опен фестивал и др.), но и заради подигнување на степенот на даночна усогласеност. Точно е дека некои објекти биле посетувани и два пати, но токму заради превентивното делување кое и беше најавено. Но, сепак од досега спроведените контроли, утврдени се и случаи каде, и покрај презементите мерки за превенција и укажања на УЈП, даночните обврзници не го регистрирале прометот и избегнувале плаќање на данок, поради што поведени се постапки согласно казнените одредби од даночните закони, велат од УЈП.

Пред одржувањето на Супер купот имаше и страв дека ќе има нагло поскапување на цените, но по апелите на властите до тоа не дојде, освен што цените во посебната фан зона беа многу високи, но тоа е во договор со УЕФА. Инаку ефектите од контролите наскоро ќе бидат познати и соопштени.

- Бидејќи контролите се во тек, резултатите од засилениот мониторинг и спроведените мерки за обезбедување на даночна усогласување, ќе бидат соопштени на јавноста  по завршување на активностите. Што се однесува на вашето прашање за зголемени цени, Ве информираме дека Управата за јавни приходи не е надлежна да врши надзор на висина на цените, велат од УЈП.

Како што беше и презенетирано на прес-конференцијата уште еднаш би потенцирале дека според првичните анализи на податоците кои на дневна основа се добиваат и обработуваат преку ГПРС системот за следење на прометот на обврзниците, утврдени се значителни отстапувања кај определена категорија на даночни обврзници (325 најризични и високо ризични), особено услужниот сектор (хотели, хостели, мотели, ресторани, кафани, барови, превоз и др.).

Дополнително, утврдени се низа случаи на прикривање на реално оставениот промет, со цел намалување на данокот. Карактеристични се појавите во угостителската дејност каде на потрошувачите им се издаваат т.н. ,,компјутерски” сметки, односно сметки кои се печатет од обичен (нефискален) принтер. Ваквите деловни објекти наместо да го користат исклучиво фискалниот апарат од овластен производител, имаат и паралелен систем кои не е поврзан со ГПРС системот на УЈП и преку кои се издаваат сметки кои значително се разликуваат од фискалните сметки, со намера за прикривање на реално остварениот промет и избегнување на плаќање на данок. УЈП веќе има поведено истражни постапки пред истражните органи на РМ, со цел кривично гонење на сторителите за сторено кривично дело „Даночно затајување“. Обиди за изигрување на законот има и со употреба на ,,стари” фискални апарати (одјавени), кои беа во примена пред воведување на ГПРС фискализацијата и интегрираниот автоматски систем за управување со фискални апарати (до 31.01.2015 година).

„Старите“ фискалните сметки не се разликуваат значително од новите фискални сметки, при што граѓаните не се во можност да ја забележат разликата, односно не се во можност да утврдат дека се работи за еден вид фалсификувани сметки. На наведениот начин, даночните обврзници целосно го прикриваат реално остварениот промет и за истиот воопшто не пресметуваат и плаќаат даноци, доколку повеќе што дел од старите фискални каси се од одјавени фирми, објаснуваат од УЈП.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?