27 Април, 2024
0.0303

УЈП по налог на полиција присилно наплатува глоби

Објавено во: Економија 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber


Неколку илјадници решенија за присилна наплата на казни по налог на Министерството за внатрешни работи испратила Управата за јавни приходи (УЈП) во последните неколку месеци. Се бара да се наплатат присилно сторени прекршоци од пред неколку години, за казни за кои дел од граѓаните сведочат дека не биле претходно информирани. Се тврди дека и покрај поминати и по три-четири години сега со решенијата сторителите се ставени во лоша позиција оти не знаеле порано па не успеале да платат или да се жалат и да приговараат. 

Од УЈП за Фактор велат дека во своето тековно работење редовно преземаат дејствија за присилна наплата по основ на изречени глоби за прекршоци со правосилни и извршни одлуки од судовите и прекршочните органи. Адвокати со кои разговаравме велат дека најверојатно делата не се застарени затоа што не се смета датумот на изрекување туку на правосилност. Сепак наши соговорници велат дека дури и не знаат за што станува збор.

„Претпоставуваме дека е за моментот кога колата ми ја подигна пајак служба. Откако платив да ја земам, следниот ден ми впишаа казнени поени. Казна, затоа, не требаше да платам. Сега ми стасува дека имам долг од околу 3.000 денари. Ако знаев ќе платев и порано, а  прекршокот е од 2016 година. Не знам сега ни приговор не ми врши работа, вели засегнат граѓанин.

Адвокатите велат дека делата застаруваат по три години, од правосилноста на одлуката. Тоа го потврдуваат и од УЈП.

„Управата донесува решенија со кои се отпочнува присилна наплата спрема лицата кои имаат неплатен долг по основ на прекршочна санкција-глоба. Износите на глобите коишто биле изречени од судовите и прекршочните органи се различни во зависност од видот на прекршокот. Со Законот за прекршоци е одреден рокот за застареност на извршувањето на глобите како и од кога започнува истиот да тече.

Рокот за извршувањето на глобата не започнува да тече од датумот на сторување на прекршокот туку рокот започнува да тече од правосилностана одлуката со којашто е изречена глобата, велат од УЈП.

Инаку граѓаните имаат право со тужба да поведат управен спор против решението во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

Сепак нашите соговорници тврдат декане им се исплати да покренуваат тужба и дека само ќе се влечкаат по судови а нема да можат да докажат, а тоа ќе ги чини многу пари.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра