05 Мај, 2024
0.0262

УЈП: ВМРО-ДПМНЕ не платилa близу 23 милиони денари кон „Полиестердеј“

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Координатор на инспекцијата на УЈП за големи даночни обврзници денеска пред медиумите брифираше дека ВМРО-ДПМНЕ не платила 22.852.816 денари кон фирмата „Полиестердеј“, која пак рекламниот материјал за последната изборна кампања го набавувал од фирмата „Монт“.

Во меѓувреме сметките се затворени, бидејќи тие траат само 60 дена, според изборниот законик.

Според тоа, неколку фактури за отпечатени запалки, кеси, маици и други реквизити останале неплатени.

„Полиестердеј“ му останал должен на „Монт“ за 20.200.689 денари, а само до септември уплатил три милиони денари на сметката на фирма од Шпанија, под име „Горд Фактори“, која исто така изработувала реквизити за опозициската партија

Кај ВМРО-ДПМНЕ се испратени седум фактури, во вредност од 34.362.612 денари, за милиони капчиња, маици и други материјали.

Иако рокот за исплата требало да заврши во јуни, партијата до 9 август платила само 11.509.796 денари кај „Полиестердеј“, а неплатеното салдо е 22.852.816 денари.

Целата документација ќе биде предадена во Антикорупциска комисија и Заводот за ревизија, а веќе имало состанок со надлежните од МВР.

Од УЈП велат дека нивните наоди покажуваат дека целиот случај е недозволива донација од страна на „Монт“, која преку „Полиестердеј“, заедно со шпанската фирма ги изработувале материјалите. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува