02 Април, 2025
0.0332

УКИМ и универзитетските единици донираат 3.800.000 денари за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2025 12:08

Добивај вести на Viber

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), заедно со сите единици, донира 3.800.000 денари на Црвен крст на Република Северна Македонија, наменети за финансиска помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

„Трагичниот настан што одзеде голем број животи предизвика огромна болка во целото наше општество, која никогаш нема да биде надмината. Во овие тешки моменти, кога голем број семејства изгубија синови и ќерки и кога огромен број млади луѓе закрепнуваат од тешките последици што ги предизвика огнената стихија врз нивното здравје, од исклучителна важност е да бидеме солидарни и да помогнеме за барем малку да го олесниме нивното закрепнување“, наведуваат од УКИМ.

Од Универзитетот им посакуваат на сите повредени од пожарот што настана во дискотека во Кочани, поскоро враќање во нивните домови во стабилна здравствена состојба.

„Се случи трагедија од огромни размери и ние, како институција чија дејност е посветена токму на младите луѓе, изразуваме голема надеж дека случајот ќе има скорешна разрешница од страна на надлежните институции и дека правдата ќе биде задоволена, со што, барем малку, ќе стивне општествената тага“, истакнуваат од УКИМ.

Од Универзитетот изразуваат верување дека одделените финансиски средства ќе помогнат во овие тешки моменти, а посветеноста дека ќе го докаже единството на македонското општество.

Можеби ќе ве интересира

Galaxy Tab S10 FE серијата носи интелигентни искуства во преден план со премиум, разновиден дизајн

Galaxy Tab S10 FE серијата носи интелигентни искуства во преден план со премиум, разновиден дизајн

ОТСЕГА СИТЕ СПОРТСКИ СОДРЖИНИ СЕ НА АРЕНА СПОРТ

ОТСЕГА СИТЕ СПОРТСКИ СОДРЖИНИ СЕ НА АРЕНА СПОРТ

Брзи кредити – што претставуваат и зошто се толку популарни?

Брзи кредити – што претставуваат и зошто се толку популарни?

Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“

Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“

Д-р Џавад Парвизи: Водечки иновации во хирургијата за репарација на зглобови

Д-р Џавад Парвизи: Водечки иновации во хирургијата за репарација на зглобови

Евротип програма за лојалност

Евротип програма за лојалност

Пролетта доаѓа во Дајмонд мол со „Цветен фестивал“

Пролетта доаѓа во Дајмонд мол со „Цветен фестивал“

Северна Македонија исцртува Мапа на инвеститори – алатка која веќе постои во речиси 50 држави

Северна Македонија исцртува Мапа на инвеститори – алатка која веќе постои во речиси 50 држави

Парите не треба да стојат – откријте како да ги ставите во акција

Парите не треба да стојат – откријте како да ги ставите во акција