04 Мај, 2024
0.0268

Укинувањето на акцизата при увозот на нови возила е корисна мерка за купувачите

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Во следниве неколку години ќе се случи драматична промена на европскиот (светски) авто пазар, а тоа е намалување на возилата со мотор на внатрешно согорување и префрлање на автомобили на електричен погон. Се проценува дека само од Германија, десетина милиони стари, половни возила ќе завршат во посиромашните баклански земји, меѓу кои и во Македонија. Со оглед дека овие возила веќе се отстрануваат од Германија бидејќи го загадуваат воздухот, го прашавме Дејан Ѓорѓиевски, маркетинг и ПР менаџер во „Порше Македонија, како да се поттикнат македонските граѓани да купуваат нови автомобили наместо стари?

- Наведените проекции за случувањата германскиот, европскиот и светскиот автомобилски пазари нивните можни влијанија врз македонскиот пазар мора да се разгледаат многу внимателно. Оправдано е очекувањето дека насоката на развојот на автомобилите засилено се поместува кон електричните автомобили. Оправдано е очекувањето дека на кус рок бројот на продадени и регистрирани електрични автомобили ќе биде значително поголем на сметка на автомобилите сомотори со внатрешно согорување.Оправдано е очекувањето дека возилата со мотор на внатрешно согорување што ќе бидат заменети со електрични ќе треба да заминат на други посиромашни пазари како употребувани.Оправдано е очекувањето дека зголемувањето на уделот на електрични возила на патиштата ќе го намали загадувањето. Оправдан е и неспорниот ентузијазам во однос на воведувањето на електричните возила воопшто. Но, оправдано е и целата слика да се погледне во деталите:

Техниката на употребата на автомобилите претставува навика за сопствениците. Навика која е веќе обликувана и исклучително резистентна на преобликување.

Автомобилите (сеуште) се доживуваат како најдостапен инструмент и симбол на независност за нивните сопственици и/или корисници. Моментално достапните и најавените електрични автомобили наметнуваат потреба од сериозна промена на навиките за возење. Промената ќе биде пред секај времињата на полнење на батериите на возилата (мин. 15-30 мин) и достапноста на полначи. Понатаму, цената на електричните возила сеуште е значително повисока од цената на возилата со мотори на внатрешно согорување.Заради ова пореално е да се очекува постепено воведување на електричните автомобили, наместо „електрична поплава“ или ако повеќе сакате „електро-шок“ на побогатите пазари.В о однос на заменетите стари возила кои ги напуштаат тие пазари и стигнуваат кај нас ситуацијата може да остане иста како и досега, но лесно може и да се промени.

Околу поттикнувањето на македонските граѓани да купуваат нови наместо стари возила, одговорот е - преку нашиот пристап во работењето: Порше Македонија“ постои за секому да му го понуди најидеалното решение за мобилност во форма на што е можно поново возило максимално прилагодено на барањата на корисникот и со најдобра, најразвиена и најраспространета мрежа за поддршка.

* Кои можности им ги нудите на вашите клиенти за полесно да дојдат до нов автомобил? Кои се предностите да се има ново возило наспроти старо со поминати 200.000 километри?

- Кога старите автомобили што стигнуваат во Македонија вистина би имале само 200.000 км и кога не би ги возеле само баби... Ние како компанија правиме се за на нашите клиенти да им овозможиме потполно задоволство при купувањето и поседувањето автомобили. Ги овозможуваме сите законски достапни начини на плаќање и финансирање без нивно влијание врз набавната цена на возилото. Со помош на нашата компанија „Порше Лизинг“ обезбедуваме флексибилни и прилагодени решенија за финансирање и комплетна услуга од едно место со најмалку ангажман и без стресови за нашите клиенти.

Во врска со изборот меѓу нов и стар автомобил, ќе ја цитираме изреката: „Не сум толку богат за да возам стар автомобил“. Бидејќи претходно ја издвоивте Германија, на почетокот ќе се фокусираме таму:Германците не се ориентирани кон нови автомобили затоа што се богати кога купуваат автомобил, туку затоа што сакаат да останат богати откако ќе го купат.Во услови на прецизна и објективно поставена регулатива, изборот при купувањето автомобил во Германија во најголема мерка произлегува од одговорот на прашањето: Колку чини купувањето на нов автомобил, неговата употреба и одржување во даден период, а колку чини купувањето на употребуван автомобил, неговата употреба и одржување во истиот период? Условот и во двата случаи е автомобилите да бидат постојано и целосно технички исправни.

Останатото е техника и крајно едноставна математика. Како и кај луѓето, кај автомобилите староста ја зголемува потребата и трошоците за одржување на кондицијата, со прогресивно зголемување на ризиците од појава на неочекувани и непланирани проблеми.Во вакви околности предностите на новиот автомобил се пред сеод економска природа. Особено ако корисникот придава значење на безгрижноста, што е сосема честа и природна појава. А убавото чувство на поседување и возење нов автомобил? Тоа е бесценето и додадена вредност во вистинска смисла на зборот.

* Колку и како може да помогне државата, со регулативата и со субвенции и даночни олеснувања, за да се обнови македонскиот возен парк?

- Прашањето и темата се истовремено и комплексни и едноставни.Едноставни се бидејќи со само минимално прецизирање на регулативата во однос на потребната исправност на возилата во редовна употреба и по само една пообемна кампања за проверка на, на пример, комплетноста и исправноста на издувните системи на регистрираните возила, огромен број од нив ќе мора да се упатат на вонредна поправка. Голем број од нив ќе го пробијат прагот на исплатливост на употребата заради неопходните поправки па ќе мораат да бидат заменети или расходувани.Од гледна точка на потребата, трошокот и ако сакате, принудата заобновување, мерката не е фер. Но, од гледна точка дека со години се толерирала употреба на неисправни возила во кои не е вложен ни денар за одржувањеи кои што ја загрозувале безбедноста на илјадници луѓе со кои доаѓале во контакт, мерката станува пожелна и неопходна. И тоа без да го спомнеме бескрајното загадување на амбиенталниот воздух...

Комплексноста на прашањето произлегува од т.н. социјален момент што упорно се сака да се поврзе со многу старите и наредовно одржувани употребувани возила.Секое можно заострување на регулативата на ова поле до сега се претставуваше како „бездушност“ и „бесчувствителност“ на власта за моќта, можностите и потребите на граѓаните.

Од друга страна неколку години по ред соборуваме рекорди во загаденост на светско ниво и бараме решение за овој проблем. Иако решението е сложено и многудимензионално, дел од него секако е и обновувањето на возниот парк. Но, пред тоа, поведување сметка за исправноста на постоечкиот возен парк.Првиот чекор во оваа насока е прецизирање на регулативата и започнување со редовни и детални проверки на техничката исправност на возилата.

* Дали и како може државата посериозно да ја помогне продажбата на електрични возила, кои за две- три години ќе станат дел од стандардната понуда на секој автомобилски производител? Имаше најава за субвенции за нивното купување.

- На слободниот пазар важи правилото дека државата не ги помага бизнисите, туку им обезбедува фер и поволни услови и опкружување за работа.Помошта од државата во секоја форма е добредојдена. На кус рок најефективно и најкорисно, но реално и најтешко остварливо е обезбедувањето субвенции.

Во услови на ниска просечна куповна моќ на македонскиот граѓанин и просечна старост на возилата над 18 години, фокусот на електричните возила е помалку целисходен.

Реално, поддршката при купување на секакво ново возило би била корисна. За електричните возилаво моментот не се плаќа акциза при увозот.На пример, укинувањето на акцизата при увозот на нови возила е мерка која би била корисна за купувачите, а не би ја оштетила премногу државата, бидејќи за новите возила се плаќа ДДВ на повисока основа и во повисок апсолутен износ.Зголемувањето на акцизата при увозот на употребувани возила може да го дополнува буџетот, а нема да биде премногу нефер кон купувачите, бидејќи употребуваните возила секако имаат пониска цена,а и изборот кај употребуваните возила и ценовно и моделски е поголем, па има простор за прилагодување. Но и овде мора да се постави граница за старост. На пример максимум еден стандард подолу од новите возила. Значи за нови возила ЕУ6, а за употребувани ЕУ5. Напоменуваме дека важечкиот стандард кај нас во моментот е ЕУ4.

Понатаму, корисни мерки би биле, на пример: забрана за движење на стари возила низ центарот на градот, бесплатни паркинзи за возила понови од утврдена година на производство;скалести и во однос на староста на возилата прогресивни износи на патарините;воведување варијабилна годишна давачка за возилата со прогресивна компонента за, на пример возила со страрост над 10 години итн.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?