18 Мај, 2024
0.0325

Улиците и патиштата празни, црната хроника полна – РСБСП со апел за одговорно учество во сообраќајот ситуација

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Имајќи ја во предвид сериозноста на потенцијалните последици, оправдано, целокупното внимание на јавноста во изминатите денови е свртено кон корона вирусот. Целокупниот општествен и институционелен капацитет во државата е насочен кон успешно и ефикасно справување со корона вирусот и во таа насока, во зависност од состојбата, континуирано се даваат препораки и се имплементираат мерки што во основа значат намалена општествена и деловна активност и пред се ограничено движење и ограничена мобилност.

Како резултат на тоа значително е опаднат интензитетот и на моторизираниот и на немоторизираниот сообраќај. Во таква ситуација, логично, се создаваат услови за релаксирано, непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Но, фактите и статистиката покажуваат нешто друго.  За жал,  изминативе денови  црната статистика повторно е полна со голем број на сообраќајни незгоди и голем број на повредени и загинати лица во сообраќајни незгоди.

Во изминатите 48 часа,  две млади лица на моторцикл го загубија животот во Кавадарци, повреден мотоциклист во  Скопје (Козле), превртена цистерна на автопатот Штип-Свети Николе,  автомобил превртен на кров во Скопје (Аеродром) , и многу други.

Да бидат парадоксот и бесмислата уште поголеми, одредени медиуми пишуваат за организација на ноќни трки во Тетово.

Во ситуација кога СЗО прогласи пандемија, во ситуација во  која секојдневно на светско ниво стигаат информации за нови заразени и починати лица  поради таканаречениот корона вирус, во ситуација кога капацитетите на МВР и на здравствените институции се максимално мобилизирани да се спречи понатамошното  ширење на вирусот, во ситуација кога пред сите надлежни институции, и пред сите нас како граѓани, е исправен еден сериозен предизвик за  спречување на ширењето на корона вирусот  и минимизирање на последиците од него,  да се беснее по улиците, да се користат полупразните булевари за достигнување на максимални брзини, да се организираат трки,  е надвор од сите хумани и цивилизациски вредности.

РСБСП  го осудува секое девијантно и неодговорно однесување во сообраќајот  и апелира до сите учесници во сообраќајот, да бидете внимателни  и одговорни, да ги  почитуваат  сообраќајните правила и прописи, особено правилата за ограничување на брзината.  Со дисциплинирано и одговорно учество во сообраќајот,  најпрво ќе си помогнете на самите себе, ќе го заштитите сопствениот живот и сопственото здравје, а потоа и  животот и здравјето на останатите учесници во сообраќајот. Бидете свесни и совесни и како граѓани и како учесници во сообраќајот. Со одговорното однесување во сообраќајот ќе си помогнете на себе, на другите, но ќе помогнете и на МВР и на здравствените институции за полесно справување со корона вирусот. 

#БИДИСОВЕСЕН # ВОЗИОДГОВОРНО!


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата