Унгарија официјално ги отфрли квотите за мигрантите
Објавено во: Балкан 04 Ноември, 2015 09:29
Унгарскиот парламент усвои резолуција со која го отфрли планот на Европска унија / ЕУ / за распределба на мигрантите по квоти во земјите-членки на Унијата.
Резолуцијата беше поддржана од пратениците од владејачката партија на премиерот Виктор Орбан Фидес, како и од пратениците од Христијанско-демократската партија и ултрадесничарската формација Јобик.
Гласањето во парламентот им овозможува на властите во Будимпешта да започнат правна постапка за спротивставување и отфрлање на планот на ЕУ.
Унгарската влада предупреди дека ќе ја почека одлуката на парламентот за да ја обжали одлуката од Брисел.
Властите во соседна Словачка исто така, планираат да преземат таков чекор.
Потсетуваме дека пред две недели Европската комисија го отфрли извештајот на чешката влада, во кој се велеше дека прераспределбата на квоти на мигранти ги прекршува европските закони. Од Брисел препорачаа властите во Прага да ја тужат ЕУ, ако сметаат дека прераспределбата на квоти е прекршување на законите
Унгарија веќе ги затвори границите со Србија и Хрватска и на тој начин практично целосно прекина влегувањето на илегални мигранти во земјата. Потоа целиот миграционен бран се пренасочи од Србија кон Хрватска и Словенија. По 17 септември во Хрватска пристигнаа над 320 000 мигранти.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




