Унгарија враќа 20 000 мигранти на Западен Балкан
Објавено во: Свет 20 Август, 2016
Властите во Унгарија добиле барање од западни држави за враќање назад на околу 20 000 мигранти, кои не добиле право на азил.
Унгарија од своја страна ќе ги врати сите овие мигранти во земјите од Западен Балкан, објавија локални унгарски медиуми.
Одделни држави од Западна Европа ха предупредиле Будимпешта, дека треба да бидат вратени на Унгарија околу 52 000 мигранти, кои нема да добијат азил.
Само оваа година се добиени барања за враќање назад во Унгарија на 20 000 луѓе, претежно од Германија, Австрија, Франција и Велика Британија, соопштуваат од унгарското Министерство за внатрешни работи.
Унгарија ќе го прифати секој еден мигрант, кој за прв пат влегува во ЕУ од унгарската граница, но сите други ќе бидат вратени назад таму каде доаѓаат, изјави неодамна унгарскиот премиер Виктор Орбан при разговорот со австрискиот колега.
Од Министерството за внатрешни работи во Будимпешта потсетија дека има договори со земјите од Западен Балкан за враќање назад на мигрантите.