26 Април, 2024
0.0279

„Уни Банка“ во остра конкуренција го зголеми кредитното портфолио за 10 отсто

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Жесток раст на вредноста на кредитното портфолио (10 отсто за 9 месеци н.з.), силно зголемување на приходите од камати. Очекувано зголемено ниво на резервации, но во плус од загуби заради оштетување на нефинансиски средства, се ова дава простор на оптимизам кај акционерите на „Уни Банка“. Позитивни сигнали и за вработените. За нив 17 отсто повеќе пари од лани!

„Уни банка“ за првите девет месеци годинава книжи добивка од 2,63 милиони евра и тоа е послаб резултат од истиот период лани. Но нема простор за песимизам затоа што тој е ефект од зголеменото ниво на резервации за кредити. А кредитите за првите девет месеци годинава достигнаа зголемување за 10 отсто односно за 25,3 милиони евра во споредба со крајот на 2018 година кога износот на кредитното портфолио бил 228 милиони евра.

Токму заради тоа „Уни Банка“ во првите девет месеци годинава има солиден раст на приходите од камати кои достигнале 12,8 милиони евра и се 1,5 милиони евра поголеми од истиот период лани. Нето приходите од камати изнесуваат 9,4 милиони евра и во споредба со лани се повисоки за 400.000 евра. Солиден резултат е кога банка со средна големина во услови на голема конкуренција има раст на најголемата приходна ставка. Тука мора да се има во предвид и тоа што во овој период „Уни Банка“ има зголемени расходи за камати (што е на пример спротивен тренд од големите банки н.з.). Расходите за камати за првите девет месеци се 3,4 милиони евра и се за 1,1 милиони евра поголеми од истиот период лани. И во такви услови банката успеала да ги зголеми нето приходите од камати за 5 отсто. Втората најголема приходна ставка се нето приходите од провизии и надоместоци. Тие за првите девет месеци изнесуваат 2 милиони евра и се за 300.000 евра поголеми од истиот период лани.

Резервациите се значајна расходна ставка во билансот на успех. За првите девет месец изнесуваат 2,47 милиони евра и во споредба со лани се повисоки за 1,5 милиони евра. Банката во овој период нема загуба за оштетување на нефинансиски средства. Од таа ставка банката е „во плус“ 400.000 евра.  Трошоците за вработените за првите девет месеци изнесуваат 4,1 милиони евра и во споредба со лани се повисоки за 600.000 евра. Очигледно е дека банката води грижа за своите вработени, гледано според сумите што ги издвојува за нив. За првите девет месеци секоја обична акција носи 6,4 евра.

Од билансот на успех се гледа дека има значајно зголемување на депозитната база на крај на септември годинава во споредба со крајот на декември лани. Сега нивото на депозити изнесува 287,7 милиони евра што е за 18,2 милиони евра повеќе од крајот на 2018 година.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти