18 Мај, 2024
0.0316

УНИЦЕФ не е извор на оваа информација

УНИЦЕФ: Лажна е веста дека вирусот се уништува со гаргара од топла вода и сол

Објавено во: Мои пари 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

“Во Северна Македонија и насекаде во светот луѓето преземаат неопходни мерки за да се заштитат себеси и своите семејства од корона вирусот. Внимателна подготoвка што се потпира на научни податоци е она што е потребно во овој момент.

“Сепак, иако многу луѓе споделуваат информации за вирусот и за тоа како да се заштитиме од него, само некои од тие информации се корисни и проверени.

“Вчера видовме информација што широко се распространи преку социјалните медиуми во која УНИЦЕФ беше наведен како извор. Информацијата почнува со давање совет за користење маски и завршува со препорака да се прави гаргара со топла вода и сол за да се уништи вирусот во грлото. Тоа не е вистина. УНИЦЕФ не е извор на оваа информација.

“Сите информации што УНИЦЕФ ги споделува се објавуваат на локалната веб страна [unicef.mk] на глобалната веб страна [unicef.org] и преку социјалните медиуми TwitterFacebookInstagramиYouTube.

Ги поттикнуваме оние што веќе ја споделиле оваа информација да ги поправат своите постови така што ќе ја избришат информацијата и ќе ги известат своите мрежи дека информацијата не е точна и не доаѓа од УНИЦЕФ.

Ги охрабруваме сите да бидат претпазливи и одговорни кога станува збор за споделување информации со тоа што секогаш ќе проверат дали таа доаѓа од проверен извор како што се Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.

“Одговорноста да се заштитиме себеси и другите вклучува и одговорност да провериме дали споделуваме информација од сигурен извор. Ширењето дезинформации во време на здравствена криза ги прави луѓето незаштитени и поподложни на болеста, дополнително ширејќи параноја, страв и стигматизација.“


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата