Унитети: ДУИ и ДПА се дволични - без правда нема демократија
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016
Политичката партија „Унитети“ остро реагира на дволичното однесување на двете албански парламентарни партии ДУИ и ДПА, потписнички на политичкиот договор „Пржино“ во врска со законите кои ја поддржуваат работата на Специјалното јавно Обвинителство.
„Нема никакво оправдување за пратениците Албанци, чии партии постојано изјавуваат дека ја поддржуваат работата на СЈО, додека истите не ги поддржуваат законските измени за ова прашање и со своето делување се штитат себеси, а го штитат и македонскиот партнер. Ова уште еднаш го потврдува нивниот вазален однос кон македонскиот партнер, но и стравот од губење на власта и од владеењето на правдата.“ - се вели во партиското соопштение.
Без правда не може да има ниту демократија, додаваат од партијата.