Упад во универзитетот МИТ по наредба на ОЈО
Засега нема официјална информација дали некој е уапсен или му е одредена мерка притвор, а сопственичката на Универзитетот не е достапна за коментар.
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016
Во рамки на акцијата под кодното име „Еразмус 2“ а врз основа на наредби на судија на претходна постапка извршени се претреси на три локации во Скопје и една во Македонски брод за да се обезбедат докази за незаконско работење на МИТ универзитетот, пренесе Прес 24.
При претресот на станот на сопственичката пронајдени, според извори на порталот биле најден два индекси од кои еден на турски студент запишан на дентална медицина, за што МИТ Универзитет нема дозвола за работа, а во канцелариите на факултетот биле пронајдени и списоци на студенти кои биле запишани на стоматологија и физиотерапија, за што универзитетот, исто така немал дозвола.
Утрово полицијата направила упад во просториите на МИТ универзитетот во сите три објекти во градот, потврдиле за порталот НОВА вработени на овој универзитет. Вработените уште од утринава ги држат во канцеларијата за студентски прашања каде ги проверуваат досиејата на универзитетот, велат извори за порталот.
Дел од вработените се сомневаат дека се работи за одмазда бидејќи токму од овој универзитет неодамна беа избркани од работа сегашниот заменик министер на МВР, Оливер Андонов и Тони Науновски од ГДОМ. Сопственичката на универзитетот, Биљана Апостолова, пак важи за отворен критичар на власта.
Засега нема официјална информација дали некој е уапсен или му е одредена мерка притвор, а сопственичката на Универзитетот не е достапна за коментар.