Упатниот акт за пријавување в затвор испратен до Кичеец
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2020
Кривичниот суд му го испрати упатниот акт со датум кога да се пријави на отслужување на затворската казна откако ја призна вината како обвинет во случајот „Рекет“ во кој им се суди уште и на Бојан Јовановски и Катица Јанева.
Во актот е наведено кога и во кој затвор да се појави за да ја издржи затворската казна од три години за случајот.
Во моментов се чека официјално Кичеец да го прими документот, но осуденикот има можност да бара одлагање на одењето во затвор согласно Законот за изршување санкции.