Уранија Пировска нов претседател на Комисијата за помилување, Кежаровски нов член
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2021
Уранија Пировска е именувана за нов претседател на Комисијата за помилувања назначена од претседателот Стево пендаровски на местотот на Сабит Кранли.
Нов член на комисијата е Томислав Кежаровски, а таму членуваат уште Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Божин Аврамовски, Сафет Aлиу, Зора Митиќ и Билјана Петковска.
За член на Комисијата за одликувања и признанија Пендаровски донесе одлука за именување на актерката Амернис Јовановска-Нокшиќи на местото на Сабина Ајрула.