28 Април, 2024
0.0985

Уште 100 дена до 12-от Wizz Air Скопски Маратон: Голем интерес за најмасовната спортска манифестација

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Ни остануваат уште 100 дена до најпопуларната и најмасовната спортска манифестација во Македонија, Wizz Air Скопски маратон. Како се доближуваме до датумот на одржувањето, 8-ми мај, така бројот на пријавени учесници се зголемува. Според најавите, овогодинешното издание на маратонот ќе биде најмасовното досега.

Wizz Air Скопски маратон го отвори своето пријавување минатиот месец, а на 31-ви јануари истекува рокот за пријавување по поволни цени. Потоа пријавувањето продолжува до 29-ти април, или додека не се пополнат предвидените места. Организаторот на маратонот, Сојуз на спортови на Скопје, објави дека досега имаат преку 700-на пријави од 20 земји.

На следниот линк можете да ја дознаете котизацијата за маратонот, полумаратонот и 5 километарската трка: http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/

Како и што беше ветено, пријавените учесници во маратон, полумаратон и штафетниот маратон од 2015-та ќе добијат бесплатно учество на трките во 2016-та година. Начинот како може да се искористи тоа право ќе можат да го најдат на официјалната веб страница на маратонот - http://skopskimaraton.com.mk/

Стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот, а организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и за минатиот маратон.

Подигнувањето на стартните пакети ќе биде на 6-ти и 7-и мај на Скопски Саем за време на одржувањето на Marathon EXPO во Метрополис Арена. Сите заинтересирани компании за време на саемот можат да закупат штанд и со тоа да бидат дел од масовниот саем. Изложувачи на саемот ќе бидат компании од областа на спортот, спортската опрема, здравата храна, фитнесот и здравството.

Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Градот Скопје, Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Насловниот спонзор Wizz Air на сите учесници ќе им додели вредносен ваучер од 20 евра кој ќе можат да го искористат за купување на билет за сите летови на кои оперира оваа авионска компанија од и до Скопје.

Пријавувањето за Wizz Air Скопски маратон можете да го направите на официјалната веб страница: http://skopskimaraton.com.mk/

Официјалниот facebook профил на маратонот: https://www.facebook.com/skopskimaraton/

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг