19 Мај, 2024
0.0336

Уште две лица добија притвор за „крвавиот четврток“

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Судија на претходна постапка им одредил притвор уште на две лица, М.М и С.М., осомничени за насилствата во Собранието од 27 април годинава, кои вчера се спроведени на распит во Кривичниот суд во Скопје.

Осомничените против овие одлуки имаат право на жалба до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

Сега вкупниот број на осомничени, кои добија притвор изнесува 15 лица, меѓу кои се и поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, како и Богдан Илиевски и оперскиот пејач Игор Дурловски, кои беа дел од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

Куќен притвор добија шестмина осомничени, меѓу кои и режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски, кои беа дел од организаторите на протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против вкупно 36 лица, кои се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста на државата.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска едногласно, со пет гласа „за“ и без воздржани или против, го одобри барањето на судот и донесе заклучок да му предложи на Собранието да им се одземе имунитетот на пратениците Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска.

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево