Уште еден обвинител од СЈО повикан на разговор за „Рекет“
Објавено во: Македонија 14 Август, 2019
Уште еден обвинител од СЈО е повикан на разговор во ОЈО за „Рекет“.
Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО добил покана да се јави на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Во обвинителството вчера сведочеше обвинителката Лиле Стефанова, а во понеделник исказ даде и обвинителката Елизабета Јосифовска.
Осомничени во случајот „Рекет“ се Боки 13 и Зоран Кичеец, на кои вчера притворот им е продолжен за нов 30 дена. Тие се осомничени дека од бизнисменот Орце Камчев, земале 1,5 милиони евра и му ветиле дека имаат влијание во СЈО да ја запрат истрагата за перење пари против него. Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави аудио-материјал каде се слуша и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева како го смирува Камчев дека „Империја“ е под контрола.