04 Мај, 2024
0.0260

Уште еден пациент со листерија во критична состојба!

Објавено во: Економија 22 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Едно лице на Клиниката за инфективни болести, кај кого е лабораториски потврдено присуство на бактеријата листерија и со дијагноза менинго енцефалитис, се наоѓа во критична состојба, изјави директорот на Инфективната клиника Звонко Миленковиќ. Меѓу заболените има уште едно дете, хоспитализирано на Детската клина, чија состојба се подобрува. Пациентот кој е во критична состојба подолго време се третира на Клиниката и покрај тоа што е постигната комплетна елиминација на причинителот, односно комплетно санирање на клиничкиот синдром. „Причинителот го има насекаде, меѓутоа болеста може да ја добијат само оние кои се екстремни возрасти, бремени жени и имунокомпромитирани. Дури и внесена во организмот листеријата во вообичаени концентрации не може да даде никакви симптоми, рече Миленковиќ и додаде дека кај здрави лица со подобар имунитет заболувањето поминува со полесна клиничка слика, со стомачни проблеми, дијареја, температура која трае неколку дена и спонтано поминува“, вели Миленковиќ Болеста не се пренесува од човек на човек ако се исклучи опцијата од мајка на плод. „Во јули во последните денови наеднаш се регистрирани три случаи што создаде кај нас аларм да провериме за што се работи. Листериозата како заболување не е пријавена во Македонија претходните години, а како изолат од храна регистрирана е кај три примероци минатата година и три примероци оваа година со тоа што годинава имаме пријавено и заболување“, вели раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство Јованка Костовска. Изворот на заразата со листерија не е откриен, а Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува вонредни контроли на храна во продавниците, магацините и на зелените пазари.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?