Уште еден планинар загина во обид да го освои Монт Еверест
Објавено во: Свет 21 Мај, 2018
Нобуказу Курики (35) од Јапонија, кој во претходните обиди да се искачи на највисокиот врв на светот ги загуби сите прсти на рацете, овој пат загина.
Неговото тело е пронајдено во шаторот утрово на височина од 1400 метри до врвот висок 8 848 метри.
Јапонецот редовно објавувал видеа на Фејсбук од последното искачување. Во последната објава напишал „Ја чуствувам болката и тежината на оваа планина“.
Засега нема детали која била причината за смртта. Тој при обидот да се искачи на Монт Еверест поради смрзнување, загубил девет прсти на рацете, но и покрај тоа во 2015 година повторно тргнал да си ја оствари целта.
Планинарот и доктор од Македонија, Ѓорѓи Петков вчера загина на Монт Еверест. Тој починал во неделата од срцев удар.