27 Април, 2024
0.0270

УШТЕ ЕДЕН ШОК Ниту на вториот повик Владата не му даде на „Визер“ субвенции за нискобуџетни летови

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Ниту на вториот јавен повик за финансиска помош за нискобуџетни летови Владата на Македонија не го прифати „Визер“ како единствен конкурент втор пат по ред за еден месец да ги добие субвенциите за нивните услуги да бидат уште поевтини за граѓаните на Македонија.

Пред еден месец „Визер“ беше одбиен бидејќи не ја навел адресата, а сега е одбиен затоа што не ги запазил условите кои важат за охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“.

- Јавниот повик заврши во петокот, но комисијата за еволуација утврди дека „Визер“ како единствена нискобуџетна компанија која се пријави, според она што го понуди, не може да ги запази роковите и условите за воведување и оперирање на четири нискобуџетни дестинации од охридскиот аеродорм. Затоа дадовме препорака овој јавен повик да се поништи и оваа постапка да се обнови. Како Влада остануваме доследни на мерката за финансиска поддршка. Евтини летови ќе има, но процедурата и правилата мора да се почитуваат. Стратешки интерес е и Охридскиот аеродорм. Средствата се предвидени во Буџетот на РМ. Нов јавен повик ќе има без менување на критериумите и условите - изјави Горан Сугаревски, министерот за транспорт и врски.

Стариот договор за субвенционирање на „Визер“ му истече во јуни оваа година и цел квартал овој авиопревозник работи во Македонија без субвенционирање.


Можеби ќе ве интересира

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба