30 Април, 2024
0.0485

УШТЕ НЕМА ЛЕТАЊЕ СО ВИЗЕР: Авиокомпанијата ги суспендира сите летови од и кон Македонија до 13 јули

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

-Патниците со билети за суспендираните летови кои направиле резервации директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на WizzAir. Патниците, исто така, може да одберат опција за враќање на парите за која треба подолго време да се реализира и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции, вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението на „Визер“.

Министерот за транспорт Горан Сугарески минатата денела изјави дека се разговара за отворање на аеродромите, но оти сè уште е рано за одлука.

„Се разговара, но сè уште е рано да се донесат такви одлуки. Од ТАВ беше побарано во наредниот период да се соопшти доколку Владата и Кризниот штаб одлучат да ги отворат, бидејќи ќе им требаат седум до 10 дена за тестирање. Сè уште нема таква одлука“, рече Сугарески.

Со одлука на Владата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, од 15 март на полноќ е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18 март на полноќ и Меѓународниот аеродорм Скопје. Владата на седница во петокот утврди протокол за непречен транзит на странци преку граничните премини „Табановце“, „Деве Баир“, „Богородица“, „Ќафасан“, „Блаце“ и аеродромот Скопје.


Можеби ќе ве интересира

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови