19 Мај, 2024
0.0278

Уште помоќни Note10 функции на Galaxy S10 серијата

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics објави ново софтверско ажурирање[1] за Galaxy S10e, S10, S10+ и S10 5G паметните телефони, со што на оваа флегшип серија ѝ овозможува користење на уште помоќните функции од моделот Galaxy Note10. Од сега корисниците ќе можат, покрај ужувањето во функциите од последното ажурирање на оваа серија, да имаат пристап до потполно нови паметни мултимедијални формати и Wi-Fi функции[2].


Последното софтверско ажурирање носи уникатно корисничко искуство, па така во галеријата е овозможено брзо пронаоѓање на омилените фотографии со помош на напредни пребарувања и клучни зборови кои ја опишуваат бараната содржина. Откривањето на новите песни, филмови и телевизиски емисии е исто така полесно благодарение на напредниот пребарувач, кој прикажува предлози од содржини директно од самите апликации за мултимедијален стриминг. Со Media&Devices додатокот на апликацијата Quick Panel корисниците со леснотија ќе може да го контролираат мултимедијалното искуство од повеќе уреди, користејќи само Galaxy S10.


Auto Hotspot нуди едноставно решение за трансформирање на моделот од серијата S10 во Wi-Fi рутер. После почетното подесување, оваа опција му овозможува на телефонот автоматски да воспостави hotspot со други Samsung уреди, доколку имаат ист или семеен Samsung профил. Покрај тоа, функцијата Wi-Fi Tips ги предупредува корисниците и им нуди поддршка во случај на проблем за мобилната поврзаност да е стабилна и безбедна.


Претходното софтверско ажурирање претставено во октомври на Galaxy S10 му донесе многу моќни Note10 креативни алатки. Меѓутоа, сега корисниците на своите видео снимки може да му додадат свој личен белег преку цртежи – без потреба од S Pen – со помош на забавната AR Doodle функција. Со Super Steady видео стабилизацијата корисниците никогаш нема да мора да се грижат за тоа дали кадарот и видео содржината се тресат, дури и ноќе, благодарение на Night Mode опцијата на предната камера. Иако корисниците веќе имаат можност со помош на Video Editor апликацијата да ги уредуваат омилените видео снимки директно на Galaxy S10 паметниот телефон, со ажурирање на Samsung DeX програмата може да ги трансформираат во динамичнни видео клипови уште полесно и побрзо. Потребно е само преку USB кабел да го поврзат паметниот телефон со PC или Mac уред, после кое видео снимките може да се персонализираат, сечат и уредат со многу голема прецизност.



[1]Датумот на лансирање на ова софтверско ажурирање може да варира во зависност од државата и операторот.

[2]Достапноста на функцијата може да варира во зависност од државата.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата