02 Јуни, 2024
0.0279

Успешна иднина за ФЕНИ надвор од стечајот

Досега вложени над 70 милиони евра

Објавено во: Економија 10 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

10 мај означува уште еден чекор напред во стечајниот процес на ФЕНИ, при што одборот на доверители го разгледа и даде позитивно мислење, отворајќи го патот за презентација и спроведување, на планот за реорганизација на Фени АД Индустри - во стечај, поднесен од ЕуроНикел, подружницата на ГСОЛ во Македонија. Убедени сме дека реорганизацијата на компанијата ќе доведе до успешна иднина за оваа многу важен индустриски капацитет, обезбедувајќи долгорочна и одржлива иднина на вработените, добавувачите и заедниците околу ФЕНИ.

ЕуроНикел веќе ја спроведува тековната соработка со ФЕНИ и ги финансира платите и сите други месечни производни активности на фабриката, што доведе до враќање на производството на ФЕНИ на меѓународните пазари на метали. Директорите Герасим Кујунџиев и Андреас Цагарис го предводат тимот на ЕуроНикел во Македонија, заедно со поддршка од меѓународни експерти.

ЕуроНикел и нејзината матична компанија, ГСОЛ, веќе инвестираа над 70 милиони евра во обезбедувањето на иднината на ФЕНИ, со намалување на неизвесноста во процесот и обезбедување финансии за одржување на работата на фабриката и производството, што е клучен фактор за заштита на компанијата, нејзините вработените и добавувачи. Во исто време, ЕуроНикел и ГСОЛ, исто така, станаа најголеми доверители на ФЕНИ АД Индустри - во стечај.

„Задоволни сме што одборот на доверители изрази позитивно мислење во стечајниот процес, за кој што сме уверени дека ќе го обезбеди долгорочниот оперативен успех на ФЕНИ. Досега инвестиравме повеќе од 70 милиони евра и продолжуваме со нашиот план да го направиме ФЕНИ водечки производител на фероникел во Европа. ФЕНИ и вработените го имаат потребниот потенцијал за успех и со поддршката на ЕуроНикел, ние сме убедени дека ова ќе се случи. Со приклучување кон силна и искусна група компании од индустријата на фероникел, иднината на ФЕНИ е поддржана од голема меѓународна групација, која веќе брои повеќе од 1. 500 вработени во овој сектор", изјавија од ГСОЛ.

ГСОЛ потсетува дека во периодот што измина, вложени се значајни напори за повторен почеток на производството. „Во изминатите 4 месеци нашите напори беа фокусирани на рестартирање на производството во фабриката и задоволни сме што гледаме дека нашите напори вродија со плод - вработените се целосно мотивирани и оптимисти за иднината, бидејќи по две години гледаат дека ФЕНИ работи повторно и дека наскоро ќе се врати во целосен производствен капацитет. Паралелно, успеавме повторно да ја воспоставивме соработката со добавувачите на ФЕНИ, имајќи ја нивната целосна поддршка за идните планови на комбинатот", рече Герасим Кујунџиев, директор на ЕуроНикел.

Можеби ќе ве интересира

Зошто богатите во Европа пијат поевтина „кока-кола“?

Зошто богатите во Европа пијат поевтина „кока-кола“?

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија