19 Мај, 2024
0.0298

Успешна операција на тим од гинекологија и кардиохирургија: Отстранет голем тумор на матка кај пациентка со сериозно вродено срцево заболување

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска, тимот на Клиниката за гинекологија и акушерство изврши успешен хируршки зафат на голем тумор на матка кај пациентка со сериозно вродено срцево заболување.

Поради таквите околности интервенцијата кај 40 годишната пациентка беше неопходно да биде извршена на Клиниката за Државна Кардиохирургија.
Стручниот тим на Клиниката за гинекологија и акушерство предводен од проф.др.Марјан Стојовски и останатиот дел од тимот на специјалист Асс. Др. Даниел Милковски, Др. Милица Арсевска – лекар на специјализација, Доц.Др. Дафина Караџова - анестезиолог и инструментарка Дениза Хаџиќ уште еднаш ја докажаа пожртвуваноста и во вонредни услови на пандемија, во услови кога пациентот е загрозен со живот, исправени пред предизвик, координирано интердисциплинарно со своите колеги од другите клиники го направат максимумот да спасат уште еден млад човечки живот. 

Тимот од Клиниката за гинекологија и акушерство оваа сложена интервенција ја изведе во соработка со своите колеги од Клиниката за Државна кардиохирургија: интернист Др. Марија Геракаровска Радовиќ и анестезиолозите од државната кардиохирургија Др. Надица Мехмедовиќ и Др.Весна Миташова.
Имајќи предвид дека станува збор за сериозно срцево заболување кај пациентката постоеше голем ризик од воведување во анестезија и извршување на самата хируршка интервенција поради што на пациентката и беше потребен инвазивен хемодинамски мониторинг и интраоперативно трансезофагеална ехокардиографија како и континуирано следење на волуменскиот биланс.
По завршувањето на интервенцијата пациентката е во стабилна општа состојба.

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево