04 Мај, 2024
0.1099

Уставниот суд ќе пресече за спорниот законски член за авторските права - ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ ЛИ БИТКАТА ОПЕРАТОРИТЕ

Објавено во: Економија 10 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Кабелските оператори по се изгледа дека ја добија битката во врска со спорниот член од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој им налагше да одговараат под материјална и кривична одговорност за содржините од странските канали што ги реемитуваат.

Односно, откако Владата поднесе во Собранието предлог законски измени за бришење на овие спорни одредби, кои се уште не се изгласани, пред неколку дена на оваа тема се огласи и Уставниот суд.

Конкретно, на својата претходна седница одржана во средата минатата недела, Уставниот суд одлучи да ја оценува уставноста на овој член, а се до носење на конечната одлука донесе и времена мерка за запирање на сите дејствија од таа спорна одредба.

„Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 143, ставови 3 и 4 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на истите одредби“, се вели во одлуката на Уставниот суд.

Наши извори од кабелските опаратори во земјава велат дека сега постојат две опции, кои подеднакво за нив ќе бидат поволни.

Првата опција е Уставниот суд да донесе конечна одлука дека го поништува спорниот член, и таа да биде објавена во Службен весник, со што тој претстанува да важи, и ќе се применува стариот закон, без тој член, односно каналите ќе можат да се регистрираат без операторите да даваат изјави под материјална и кривична одговорност дека се заштитетни авторските права.

Кога Уставниот суд ќе ја донесе конечната одлука и каква ќе биде таа, не е познато, но од редовите на операторите очекуваат таа да биде поништување на спорниот член 143, и тоа да се случи најдоцна за околу две до три недели.

„Во тој случај дефинитивно нема да важи спорниот член и законските измени кои ги носи тој, па нема да има потреба ниту да се носат законските измени во Собранието. Во спротивно, пак, втората опција е да се чека овие законски измени да ги изгласа законодавниот дом“, објаснуваат од кабелските оператори.

Пред неколку дена Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе одлука да се одложи примената на подзаконските акти поврзани со овој законски член, до објавувањето на оваа одлука на Уставниот суд во Службен весник.

Инаку, бришењето на законските одредби се предвидува со предложените законски измени кои Владата ги испрати во парламентот и тие се во собраниска процедура, а ќе се носат по скратена постапка. Со нив се предвидува отстранување на спорниот член 143, со што практично операторите се ослободуваат од обврската со нотарска изјава, и под целосна материјална и кривична одговорност да гарантираат за регулирани авторски права за реемитување на соджините од странските канали. Таква гаранција веќе нема да се бара ниту од првите луѓе на странските канали.

Во наредниот период се очекува дека околу темата за регулирање на авторската права, која е жежок костен во односите меѓу домашните радиодифузери и кабелските оператори, ќе се водат разговори меѓу двете засегнати страни, со посредство и на Европската унија.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?