Уставниот суд на Косово го прекина договор со Србија
Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2015 15:00
Уставниот суд на Косово го прекина договор со Србија, што треба да даде поголема моќ на претежно српско население во малата балканска држава.
Договорот дури доведе до двомесечни тензии помеѓу власта и опозицијата во Косово. Дури опозицијата неколку пати ја запираше работата на парламентот, користејќи солзавец, јајца и свирки во законодавниот дом поради договорот. Опозицијата исто така е против договор со Црна Гора за границата. Мерките не можат да бидат претворени во закон, додека не бидат усвоени од парламентот.
Претседателот на земјата се сврте кон судот, за да се смири напнатоста. Денес судот одлучи дека привремено го запира договорот со Србија до целосното негово разгледување.
Шефот на државата Атифете Јахјага ја поздрави одлуката што „само ја запира примената на договорот до донесување на конечна одлука од судот“.
Претседателката истакна дека Косово останува ангажиранo во дијалогот со Србија и во однос на примената на договорите постигнати во Брисел, за нормализирање на врските помеѓу двете земји.
Опозицијата истакна дека не му се доверува на судот, бидејќи е поврзан со владата. Таа се закани дека ќе продолжат протестите.
Нема да има нормално функционирање на државните институции додека трансакциите со Србија и Црна Гора не се повлечат, се истакнува во соопштението.
Косово прогласи независност од Србија во 2008 година. Белград не ја признава новата држава на Балканот.
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




