15 Мај, 2024
0.0293

Бајрам Положани

Уставниот суд намерно тактизира за иницијативата за Законот за СЈО

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Иницијативата за испитување  на  уставноста на Законот за СЈО  поднесена од Светскиот македонски конгрес сеуште е заглавена во фиоките на Уставниот суд,  од каде нема официјална информација или објаснување кога таа ќе се најде пред уставните судии. Поранешниот  судија во Уставниот суд  и професор по уставно право, Бајрам Положани за Фактор вели дека судот  намерно тактизира по ова прашање.  Притисоците кон Специјалното обвинителство според него се големи, па можно е како последна мерка да се посегне кон законско негирање на оваа институција преку највисокиот судски орган.

“Уставниот суд оклева со третирањето на таа иницијатива.  Со текот на долготрајната на политичката и институционална криза скоро две години имаме девалвирање на скоро сите институции. Може да се каже истото и за Уставниот суд кој е институција која ја има најповеќе загарантирано  самостојноста и независноста, а во неколку наврати се покажа дека подлегна на влијанијата на извршната власт”- вели професорот по уставно право.

Поранешниот уставен судија  смета  дека во самиот закон  има делови  со сомнителна правна основа кои се намерно така  направени преку политичка игра,  па оттука лесно може да бидат оспорени од Уставниот суд.

“Јас како професор по Уставно право и поранешен уставен судија уште на почетокот кога се имплементираше Пржинскиот договор по однос на постапката за  донесување на овој закон бев еден од ретките кои  неколку пати јавно истакнав дека уставната основа за донесување на таков закон со таква содржина има климава уставно-правна основа. Далеку од тоа дека бев против формирање на ова обвинителство, напротив. Во тоа време во Собранието беа поднесени десетина амандмани по иницијатива на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Кога беше Пржинскиот договор можеше да се додаде  уште еден или два амандмани за да се обезбеди солидна уставна  основа за едно ад-хок обвинителско тело како што е СЈО.  Како што е сега во системот поставено неможе преку посебен закон низ системот  да обезбеди солидна правна основа. Почитички како се движеа работите сега веќе моите сомневања се  покажаа како точни и реални  дека таква сомнителна основа за носење на ваков закон за СЈО е намерно така направено за да можат политичките актери кои се највлијателни низ овие процеси да можат во било кој момент  преку  најразлични влијанија да делуваат и да  ја оспоруваат работата на СЈО”- нагласува  професорот Положани.

Евидентно е  според него дека се прават намерни  притисоците  и опструкцијата кон Специјалното обвинителство за директно намалување на неговата компетенција. Со Договорот постигнат меѓу четирите политички партии, само  начелно се превидува поддршка за постоењето на Специјалното јавно обвинителство, но без формирање на Специјално судско одделение ќе продолжат опструкциите врз оваа институција.

“Исто потенцирав дека ќе биде потребна измена и во Законот за судови за да се обезбеди посебно специјално судско одделение  кое би ги третирало нивните случаи. Се сеќавате дека доцнеше обезбедување на технички услови, кадри, зграда, средства, за колку може подоцна  да почне ефективно  со работа.  Во неколку наврати се отиде преку други механизми да  се опструира работата на ова обвинителство, за на крај во последен момент ако е потребно да се оди преку влијание на Уставниот суд и тоа на најлесен начин да може да се девалвира целата работа со тоа што дел од одредбите би се покажале за противуставни. Но сега, работата отиде толку далеку, има сомнеж и затоа се направи вториот политички договор Пржино 2 според кој  ако Уставниот суд евентуално  укине  некои одредби од законот  и се девалвира институционалната функција, политичките субјекти во Собранието ќе можат да го ресоцијализираат и доградат односно  обезбедат враќање на неговата функција. Но во тој случај СЈО ќе има веднаш намалена компетенција, тогаш би се ставило под капа на Јавното обвинителство преку  влијание на  Советот на јавни обвинители и државниот републички обвинител”- додава Положани.

Рокот за распуштање на Собранието според него е дополнителен притисок, па оттука вели доколку има реакција од Уставниот суд во тој период  ќе нема  можност за консолидација на законот . Најверојатно вели оваа иницијатива би останала за по изборите.

“Политички отидоа дотаму работите што Уставниот суд се компромитираше неколку пати и во неколку наврати. Еве последно на дневен ред денеска  се стави аболицијата, нешто што е веќе апсолвирано мза одлуките на претседателот за помилување кои се  донесоа па се повлекоа. Најверојатно ќе се прогласи за ненадлежен судот бидејќи се поединечни аболирањата. Сега  преостанува доколку работата на СЈО отиде толку многу на штета на  овие политички актери од владејачките партии да се дрзне Уставниот суд да реагира. Но тоа тешко дека ќе помине и мислам токму  затоа се одлага. Уставниот  ако ја опфати иницијативата сигурно  ќе има влијание од меѓународната заедница, Шарената револуција и може целосно да се искомпромитира целата работа”- нагласува професорот.

Од друга страна  според него многу бавно течат  работите за процесуирање на околу четириесет предмети кои ги работат во Специјалното обвинителство што остава отворена можност за уште позасилени притисоци.  

“СЈО  досега не сработи премногу, почнаа постапки кои споро се свижат. Побараа измени кои би ја зајакнале нивната позиција, но не им се прифатени. Хипотетички –реално е да се очекува, дека на дневен ред може да се најде иницијативата за оценување на уставноста на СЈО кога Собранието веќе ќе биде распуштено. Во тој случај целиот процес ќе мора да се одложи  после конституирањето на новиот собраниски состав. Согласно законот доколку СЈО не ги заврши предметите,  државното обвинителство ќе ги превземе и ќе ги работи. Сe надевам  дека по конституирање на новата власт ќе се респектира принципот на поделба на власта  и правосудната власт ќе може да работи без притисоци  од новата егзекутивна власт и конечно ќе се надмине кризата”- потенцира универзитетскиот професор.

Тој очекува да се обезбедат услови за реализирање на изборите кои се договорени за 11 декември со цел  да се рехабилитира системот  и конечно да се стави крај на двегодишната политичка агонија.

Иницијативата за испитување на  уставноста на Законот за СЈО  Тодор Петров ја поднел на 21 октомври минатата година. За споредба, иницијативата за оценување на уставноста за распуштење на Парламентот што ја поднесе ДУИ беше ставена на дневен ред на Уставниот суд само неколку дена по поднесувањето, што беше преседан во неговата работата и  објаснето со кризната ситуација во која се наоѓа земјава. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“