УСВОЕНО: На сиромашните по 500 евра месечно
Објавено во: Економија 09 Март, 2017
Италијанскиот сенат усвои закон со кој на најсиромашните семејства ќе им се исплаќаат по 500 евра месечно.
За оваа намена ќе бидат потрошени 1.6 милијарди евра во 2017 година.
Оваа сума ќе порасне на 1.8 милијарди евра во 2018 година.
Властите велат дека ова е начин да им се помогне на оние кои имаат потешкотии, а мерката ќе биде не само за болните и хендикепираните, туку и за другите загрозени граѓани.
Ваква помош ќе добијат 400.000 семејства или 1.8 милиони луѓе.
Во следните месеци ќе се прецизираат критериумите за тоа кој се ќе има право на оваа помош.