17 Мај, 2024
0.0299

Утре е светскиот ден на штедењето, штедите ли?

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Што се однесува до искуствата и мудроста, оваа мисла на австрискиот писател и новинар  звучи како добра опсервација, но во однос на парите, сепак треба да бидемеприлично мудри и доволно скржави за да си обезбедиме сигурна и малку поизвесна иднина со тоа што едноставно - ќе штедиме.

Штедењетокакочување, одложување на средствата или ограничување на трошењето е од огромно значење за постигнување на поголеми економски или други цели на поединецот, семејството или општеството.

На денешен ден, во 1924 година на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија, концептот на штедење го одобриа 29 земји, кои ја согледаа потребата од подигнување на свеста кај светската јавност за  важноста на штедењето за економијата и поединците.  Од тогаш, 31 октомври е прогласен за светски ден на штедењето.

Иако склоноста кон штедење на македонските граѓани е ниска во однос на другите земји во поблиското и подалечното окружување, охрабрува и растот на депозитите во време на турбулентни економски движења во Европа и во светот.

Освен каматните стапки, променетиот систем на исплата на платите (трансакциски сметки) и се поголемото учество на безготовинските плаќања, довербата во денари откако национална валута и растот на довербата во ценовната стабилност на системот во целина се голем дел од мотивитешто ги охрабруваат македонците да штедат.

штедење

Во таа насока, добредојдени се неколку совети за поттикнување на штедењето и едноставни препораки за тоа како најуспешно да штедите.

Размислувајте долгорочно

Штедењето е најповолно средство за планирање на иднината. Во ситуација кога повеќето Македонски семејства се соочуваат со проблеми околу купување на недвижнини, автомобил или подалечно патување, штедењето понекогаш е единственото решение. На многумина им се чини бесмислено да штедат за високо образование на своето малолетно дете, но ако зборуваме за планирање на иднината или долгорочно штедење, тоа е првиот чекор за минимизирање на финансиските проблеми кои не можат одеднаш да се решат.

Одберете го начинот на штедење кој најмногу одговара на вашите потреби

Штедејќи во банка, за разлика од другите начини на штедење, вашите депонирани средства умерено ќе се зголемуваат во однос на висината на каматата. Можете да штедите во денари или во девизи. Фондот за осигурување на депозитите врши 100% обесштетување на осигурените депозити со износ до 30.000 евра во денарска противвредност по депозити по клиент воеднабанка, пресметани посреден курсна Народна банка на Република Македонија на денот на укинување на дозволата за работење на банката.

Запознајте се со сите услови

Детално распрашајте се за типовите на штедење, условите, каматната стапка (фиксна или променлива) и на кои начини се пресметува, рокови за орочување, под кои услови можете да ги подигнете веќе орочените средства или предвремено да го разорочите депозитот.

Бидете трпеливи и упорни

Еден од основните предуслови за успешно штедење е трпеливост и упорност, особено доколку имате цел која саката да ја постигнете. По истекот на периодот на орочување и доколку тоа другите обврски ви го дозволуваат, орочете го одново целиот износ зголемен за добиената камата. Со упорно и редовно издвојување на средства, дури и мал износ, во текот на долг временски период, ќе заштедите голем износ.

Еве еден практичен и едноставен начин како да започнете да штедите мал иснос, но доволен за почеток. Ако неделно издвојувате само 50 денари и секоја недела го зголемувате својот влог за 50 денари, во рок од 52 недели, односно една година, ќе имате дури 70.000 денари заштеда.

Сé што ви е потребно е желба за штедење, трпеливост и упорност.

Избегнувајте штедење дома

Не дозволувајте единствена причина да ви биде можноста на располагање со средствата кога тоа ќе го посакате. Треба да сте свесни за сите ризици кога ги чувате парите дома, вклучувајќи и безбедносни ризици, кражби, поплави, пожари. И најважно; вредноста на парите не само што нема да се зголеми, туку и ќе биде помала поради износот на инфлацијата.

Штедење со рационално трошење

Најдобриот начин да се штеди е со рационално трошење. Ако го планирате вашиот семеен буџет на месечно или на неделно ниво, со тоа ќе ги намалите трошоците. Избегнувајте импулсивни купувања, нешта што не се есенцијални, рационално користете ја енергијата во домаќинството и обидете се да ги реискористувате нештата што веќе ги имате.

Одберете ја најоптималната понуда

Со понудата на широка палета иновативни производи за штедење, целосно ориентирани кон потребите на граѓаните, Стопанска банка се стреми да биде партнер од доверба со цел да ги поддржи личните потреби и очекувања на своите коминтенти за остварување на соништата и максимални животни постигнувања.За повеќе информации во врска со условите и начините на штедење, калкулатори за пресметкии поголема финансиска едукација посетете ја страницата http://www.stb.com.mk/depoziti.nspx

Можеби ќе ве интересира

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура