19 Мај, 2024
0.0277

Утре состанок на комисијата, се бара и Св.Климент да не се национализира

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Бугарската страна од мешовитата комисија за ревизија на историјата во учебниците и потеклото на историските личности формирана согласно договорот за добрососедство ќе бара од македонската да не се национализира овој светец, иако тој важи за „татко на македонскиот морал“.

Тимот од Скопје кој во вторник е домаќин на на 4 –тата средба ќе се обиде да донесе заклучок и за Цар Самоил, и за охриѓанецот Гиргор Прличев како да ги празнуваат двете држави, но и да ги надимант разликите кој полага право на нивниот придонес.

Според директорот на Институтот за национална историја, професорот Драги Ѓоргиев целта на Комисијата е сето тоа толкување на минатото од пред илјада и повеќе години да се денационализира, да не им се дава на тие настани и личности национална конотација од современ аспект, односно нашето денешно национално чувство да не се рефлектира 1000 години наназад, бидејќи објективно такво чувство и не постоело во тоа време.

-Не можете вие да го национализирате свети Климент или свети Наум, или браќата Кирил и Методиј. Тие се христијански просветители, духовни лица на кои не може вие да им дадете националност.Тие дејствувале во одредени држави, во Византија и во Бугарската средновековна држава, меѓутоа нив тоа не ги прави ниту Бугари, ниту Грци, ниту Македонци во современа смисла. Целта е да им се даде на идните генерации кои ќе учат од бугарските и од македонските учебници идеја за космополитизмот на тие луѓе, за некои општи вредности кои тие ги оставиле на следните генерации, а не да ги присвојуваме како теснонационални херои. Во таа смисла ќе одат и дискусиите околу учебниците, вели Ѓоргиев меѓудругото во разговор за МИА.



Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“