19 Мај, 2024
0.0286

УТРИНСКИ ФОКУС: Како Автобусот на „Дурмо турс“ пробил дури три заштитни ленти, интервју Азманов, средба Заев-Ахмети

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

По кобната несреќа кај село Ласкарцим јавноста бара одговори. 

Како може автобус со брзина која не надминувала 100 километри на час да пробие три заштитни челични огради изградени по стандарди и да се урне во провалија и при тоа да загинат 15 патници? Колку се безбедни заштитните огради чија изведба чини милиони евра?

Дали заштитната ограда на автопатот Скопје – Тетово ги одведе во смрт 15 патници во автобусот на „Дурмо“? Ова е големата дилема на експертската јавност во земјава чија специјалност е проектирање патишта. Ќе има ли смелост, нерв и тактичност надлежниот јавен обвинител да ги постави вистинските прашања и да ја отвори пандоринатa кутија за да провери дали заштитната ограда на автопатот Скопје – Тетово: како е проектирана, дали е поставена согласно со проектот, како била атестирана, која дал одобрение дека е монтирана согласно со сите важечки прописи и стандарди.

Ги уби ли заштитната ограда 15 патници во автобусот на „Дурмо“? ЧИТАЈТЕ ТУКА.

„Државни институции во спрега со Боки 13 ме рекетираат и ме местат за да искреираат обвинителен акт против порaнешниот градоначалник на Карпош. Додека наводно се брка криминалот кој е направен од страна на минатата власт, со силни ветувања кои уште од предизборната кампања, па до ден денеска не уверуваа дека украдените милијарди евра од државата ќе бидат вратени во државата, институциите не вратија ниту едно евро од така најавуваната пљачка на државата, а рекетот и изнудите цветаат, односно се редистрибуира украденото“, вели во ексклузивното интервју за Фактор Зоран Азманов.

Азманов: Луѓе од Финансиска полиција му давале документи на Боки 13 да ме рекетира . 

Целото интервју читајте го тука.

Заев и Ахмети денеска договараат заеднички кандидат за шеф на државата

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев денеска во клубот на пратеници ќе се сретне со коалициониот партнер Али Ахмети. Причина за средбата е кандидатот за претстојните претседателски избори.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“