18 Мај, 2024
0.0300

УВОЗОТ НА ПЧЕНИЦАТА ОД СРБИЈА СЛЕДНАВА НЕДЕЛА: Колку количини ќе се увезат ќе зависи од македонските компании

Објавено во: Македонија 26 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Колку количини на пченица, сончоглед, јачмен и останати суровини ќе се увезат од соседна Србија ќе зависи од македонските компании и трговците, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство, водостопанство, Љупчо Николовски при посетата на фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип.

Очекува следната недела, кога ќе завршат административниот дел и формалностите да почне увозот на лебното зрно и останатите суровини, за кои македонските компании имаат договорено со своите партнери од Србија.

Николовски посочи дека задача на Министерството и на Владата беше да обезбеди да се тргне забраната за извоз на пченица и на останати суровини од страна на Србија.

-Количините кои се неопходни ние ги прегледавме, искомунициравме и одржавме состаноци со сите комори, со сите економско-социјални партнери на Министерството, со сите компании, коишто имаат договори се со цел бидат земени предвид. Договорот којшто е постигнат е дека е отстранета забраната за извоз кон Република Северна Македонија и второ дека ќе се реализираат сите договори меѓу трговските партнери, вели Николовски.

Посочи дека како Влада не преговораат колку количини на пченица и на останатите суровини ќе се узвезат од соседна Србија, туку на компаниите им обезбедија да се тргне забраната

-Она што бевме информирани дека од Србија се бара и од многу европски земји, огромни количини на пченица и на други производи. Меѓутоа приоритет имаат земјите од „Отворен Балкан“, С Македонија и Србија се основачи на „Отворен Балкан“ и гледаме дека како во време на светска криза, во време на војна, во време на затворени пазари, ние сега имаме отворен пазар. Ние сега имаме дијалог, соработка и го постигнавме тој договор, вели Николовски. 


Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза