УЖАС ВО КИЧЕВО: Син го уби својот татко со нож
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2021
Грозоморно убиство го потресе Кичево, каде син го уби својот татко.
Полицијата синоќа го приведе М.М.(30), поради сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал. На местото на злосторството јавен обвинител и екипа од полициската станица Кичево извршија увид. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Пред неколку дена син ја уби својата мајка со нож во скопски Аеродром.