05 Мај, 2024
0.0281

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ГРИПОТ ПОЧНУВА НА ВРЕМЕ: Од денеска бесплатна имунизација за ранливите категории, за некој ден и останатите граѓани

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Граѓаните кои секоја година се вакцинираат против сезонскиот грип со воодушевување ја дочекаа информацијата дека од денеска почнува имунизацијата против инфлуенца и во разговор за Фактор велат дека оваа година здравствените власти овозможија таа да почне на време, односно во октомври.

-Лани беше многу доцна, кон средината на ноември се вакцинирав, не се сеќавам точно, можеби беше и подоцна. Знам дека веднаш се потрошија вакцините против сезонски грип зошто кај граѓаните все уште владееше и стравот од Ковид-19. Јас имам 72 години и имам неколку хронични заболувања. И дијабет, и висок притисок... Се вакцинирав три пати против корона вирусот, за среќа не го прележав, а најверојатно ќе ставам и четврта доза. Сега прво да ја примам оваа вакцина, против сезонскиот грип. Добро сме информирани дека таа не штити против ковидот и како што ни објаснуваат матичните лекари, добро е сите оние кои не се вакцинирале против корона, да ја примат и таа вакцина, вели пензионерката Мира Г. од Скопје.

Матичните лекари апелираат до нивните пациенти дека може да си закажат вакцинација со цел во текот на следните неколку месеци да бидат заштитени од заразување со сезонскиот грип.

-Инфлуенцата е сериозно вирусно заболување и може да предизвика големи компликации особено кај луѓето кои имаат некое хронично заболување. Ние секоја година ги потсетуваме нашите пациенти дека треба навреме да се заштитат. Во изминатите две години корона вирусот направи вистински хаос насекаде во светот, но вакцинацијата против овој вирус во нашата земја не беше најдобро прифатена. За разлика од тоа, многу повеќе пациенти се заинтересирани и се вакцинираат против сезонскиот грип. Нашите граѓани се навикнати на нешто што е востанивена пракса. Вакцините против грип постојат со децении, а се што е ново, веднаш одбиваат и не сакаат ниту да слушаат за придобивките од вакцината против корона вирусот. Сепак, ние апелираме да се заштитат бидејќи следуваат месеци кога зимските вируси стануваат многу активни, велат во разговор за Фактор матичните лекари.

Директорот на Центарот за Јавно здраввје-Скопје, д-р. Бесим Зеќири за Фактор потврди дека се целосно подготвени за имунизацијата против инфлуенца А и Б. Вакцините вече се пристигнати и од денеска почнуваат.

-Ќе се работи во две смени од 7.30 до 18.30. Освен работните денови, вакцинацијата ќе се спроведува и во сабота. Ова се бесплатни вакцини наменети за сите граѓани кои припаѓаат на некоја од ранливите категории, однисно за луѓето над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години. Набавени се околу 40.000 дози, а заинтересираноста навистина е голема. Што се однесува пак до комерцијалната вакцина, која ќе можат да ја примат сите останати граѓани кои сакаат да се заштитат од грипот, таа ќе почне да се аплицира за некој ден. На испитување е во МАЛМЕД, а станува збор за вакцината Луј Пастер, односно француската вакцина која ја имаше и минатата година. Ќе чини 800 денари, вели д-р Зеќири.

Инаку, Министерството за здравство уште вчера информираше дека од денеска почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население во Центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите.

-Заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, а досега се веќе пријавени над 27 илјади граѓани. Во текот на вчерашниот ден преку Мој Термин се испратени над 12 илјади покани преку смс со известување за терминот и пунктот за вакцинирање. Министерството испрати допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација, се наведува во дописот од Министерството за здравство.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува