26 Април, 2024
0.0307

Вархеји: ЕУ не е целосна без Западен Балкан, но опипливи реформи се нужни

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Европскиот комесар Оливер Вархеји во Европскиот парламент (ЕП) изјави дека Европската унија нема да биде комплетна додека не го вклучи Западен Балкан, бидејќи покрај географијата, постојат исти интереси, вредности и историја.

Вархеји и го објасни годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на реформите меѓу партнерите на Западен Балкан пред членовите на Комисијата за надворешна политика на ЕП и рече дека е постигнат одреден напредок во регионот, но дека недостатоците остануваат во однос владеење на правото, независност на судството, слобода на медиумите и антикорупција и организиран криминал.

Одговарајќи на пратеничките прашања, еврокомесарот посочи дека Србија ја потврдила својата посветеност кон реформите и дека е на пат кон промена на уставот, но „Србија мора да ја зајакне и продлабочи битката против корупцијата и организираниот криминал и да ги зајакне реформите во поле за слобода на медиумите“.

Тој ја истакна важноста на Дијалогот Белград-Приштина и посочи дека „мора да се избегнат сите еднострани и некоординирани дејствија“.

Вархеј додаде дека кога станува збор за Црна Гора, која ги отвори сите поглавја, тамошните власти мора да извршуваат задачи во владеењето на правото, така што земјата може да напредува во преговорите за членство.

Бидејќи „ниту едно поглавје не може да се затвори без напредок во преодните услови“ за владеење на правото, посочи и објасни дека тоа е дел од новата методологија за проширување и затоа Црна Гора мора да постигне опипливи резултати во борбата против корупцијата, организираниот криминал и слобода на медиуми и изразување.

Одговарајќи на пратеничките прашања за тоа како ЕУ има намера да ги спречи конфликтите во регионот, еврокомесарот истакна дека создавањето на Заеднички регионален пазар, кој е дел од иницијативата Отворен Балкан, треба да ја поттикне трговијата, економската соработка, движењето на луѓето и капиталот , а со тоа и просперитет на граѓани, што би го олеснило разбирањето и би ги намалило тензиите.

Тој рече дека ЕУ е подготвена да ги финансира тие проекти доколку сите партнери влезат во таков регионален заеднички пазар.

Европратениците Владимир Билчик и Тања Фајон оценија дека сите политички групи во Србија треба да го прифатат договорот што беше постигнат меѓу делегацијата на ЕП и српскиот Парламент за подобрување на изборните услови, што Вархеји го поздрави и рече дека за тоа придонесе и претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ. 

Проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во мир и стабилност

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави денеска дека проширувањето на Европската унија е геостратешка инвестиција во мирот и стабилноста.

„Политиката за проширување е геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски раст на нашиот европски континент“, рече Вархеји.

Презентирајќи го Пакетот за проширување за 2021 година, кој ги вклучува годишните извештаи на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, Вархеји рече дека процесот на европска интеграција се „базира на заслуги“, објави Европската комисија.

„Тоа е процес базиран на заслуги, кој ние правично го оценуваме врз основа на факти и за кој постои јасен патоказ за забрзување и продлабочување на реформите со нашите партнери. Ова е во согласност со нашата ревидирана методологија за проширување, што го зголемува кредибилитетот на процесот“, рече Вархеји ...

Тој исто така рече дека ЕУ стои покрај Западен Балкан и Турција и со значителна финансиска поддршка преку новиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА III).

„ИПА III е исто така главен извор на финансирање на економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, вреден речиси 30 милијарди евра, чија цел е да го поттикне економскиот развој на регионот и неговиот пристап кон ЕУ, како и долг рок за опоравување по пандемијата“, додаде Вархеји.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица