„Вашите деца нема да имаат пензија“
Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2015 15:24
Генералниот директор на „Џенерали осигурување“ во Србија Андреа Симончели изјавил дека е сосема сигурно дека денешните деца во Србија нема да имаат пензија.
Симнчели на конференцијата за новинари рекол дека состојбата на основните, државни пензиски фондови во речиси сите земји на светот се такви што генрациите на денешните деца кога дојде време за тоа, нема да имаат пензии или ќе имаат сосема мал износ кој нема да им биде доволен за живот.
„Поради тоа е неопходно да порасне свеста за значењето на доброволните пензиски фондови, кои во иднина смао ќе растат. Секој од вас мора да сфати дека никој друг нема да се грижи за вашата иднина освен вие самите“, рекол тој.
Според неговите зборови, во Србија постои целосно неразбирање на улогите, функционирањето и приносите кои ги донесува вложувањето во доброволните пензиски фондови.
Од друга страна, смета дека малиот процент на оние кои уплатуваат во Србија за приватна пензија не е последица на тоа што е баш толкава беспарица бидејќи, како вели, се гледа дека се има и за кафе, и за излегување и за летување.
Тој рекол дека услови за тоа постојат бидејќи во Србија постојат добри пензиски фондови.
Симончели исто така навел дека индустријата на осигурување не бара од властите никакви нови овластувања туку бара поддршка за општа кампања која би ја подигнала свеста за приватна пензија.
Рекол дека и повеќето сметаат дека недвижнините се најдобро вложување но и дека тоа не е точно бидејќи цената на недвижнините оди и горе и долу, додека заштедата низ доброволниот пензиски фонд може само да расте.
Симончели вели дека „Џенерали пензиското доброволно осигурување“ има пазарно учество од 28 одсто на српскиот пазар и дека целта е да достигне 33 одсто, односно дека секој трет корисник на доброволна пензија е нивен член.
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




