Велешанец приведен за хаосот во свињарската фарма, му се суди за „обид за убиство“
Објавено во: Македонија 03 Април, 2018 11:05
Велешанецот кој со секира ги нападнал вработените во свињарската фарма во Велес доби триесетдневен притвор. Според велешкото обвинителство, притворот му е определен бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело. Тој ќе одговара за обид за убиство и за загрозување на сигурноста бидејќи на 1 април околу 20.30 часот во објект на свињарска фарма во пијана состојба нападнал еден од присутните.
„Во моментот кога во објектот дошол оштетениот, му се обратил со повеќе пцости упатени до него и неговото семејство. Потоа осомничениот извадил нож и со него на оштетениот му нанел неколку убоди нанесувајќи му со тоа телесна повреда. Потоа зел од објектот една секира и со неа се упатил кон другите присутни заканувајќи им се дека ќе ги убие, со што ја загрозил сигурноста на оштетените“, соопшти обвинителството.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




