19 Мај, 2024
0.0285

Вељаноски: Владата и го скрои ребалансот на Нина пред да стане министер

Објавено во: Македонија 31 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Трајко Вељаноски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на собраниска седница за именување на нови владини функционери го праша премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев зошто ја назначуваат Нина Ангеловска за нова министерка за динансии кога веќе е испланиран ребалансот на државниот буџет.

Вие го направивте ребалансот, го најавивте како точка на следната владина седница во вторник, а Ангеловска уште нема да биде заведена во централен регистар и службен весник. Таа треба да го спроведува. Зошто не и дадовте време да учествува во ребалансот Владата им даде 50 милиони евра на општините за да ги потрошат парите. Од 400 милиони, само 100 милиони се потрошени. Кога ќе се потрошат овие 300 милиони. Мој совет е на секоја втора седница да има по една точка кој потрошувач по колку потрошил, кое министерство, или фонд, рече поранешниот собраниски спикер.и и порача на Ангеловска да не потпишува што ќе и се каже за потоа да не речат секој си одговара за тоа што потпишала.

Премиерот Заев за ова му возврати дека ВМРО-ДПМНЕ кога дошле на власт во 2006 имале 230 милиони евра од продажбата на ЕСМ за распределување, додека СДСМ  наследиле долгови за непродуктивни трошоци. Упте еднаш потврди дека избори ќе може да има дури на крајот на 2020. 

- Со економска 2019 и економска 2020 ќе одиме на мегдан. Зошто да не му се дада на власта цел мандат. Зошто да има избори на секои две години. Знаете дека вашите шанси на изборите се никакви со економски бројки, со членство на земјата во НАТО и со датум за преговори од ЕУ, возврати Заев.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“