18 Мај, 2024
0.2112

ВЕРСКИТЕ ЛИДЕРИ ПОВИКАА НА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД: „Подобро да се спречи, отколку да се лечи“

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

По состанокот со министерот за здравство, Беким Сали, поглаварите на верските заедници ги повикаа граѓаните, пред се своите верници да се вакцинираат против корона вирусот, со што ќе придонесат го зголемување на опфатот на вакцинација, а со тоа и стекнување колективен имунитет.

Потребата од вакцинација, како што нагласи Сали е од огромно значење и граѓаните треба сериозно да ја сфатат.

-Во време на пандемија кога речиси секој од нас е погоден од вирусот, кога дел од нас изгубивме наши драги и најблиски, посакувам на овој заеднички начин да упатиме секој граѓанин да ја сфати сериозно потребата за вакцинација, да одговори на нашиот повик за вакцинација и да не дозволи никој да ги поколеба во стремежот за спасување на својот и на животот на луѓето околу нас, од оваа чума која веќе две години го смени и начинот на нашето живеење. Ја користам оваа прилика заедно со челниците на верските заедници да им се заблагодарам за оваа благородна иницијатива и уште еднаш да ве повикам сите да се вакцинирате, убеден дека ова е најбезбеден начин за заштита од вирусот и единствениот начин за спречување на ширењето на инфекцијата, затоа ве молам вакцинирајте се, нагласи министерот.

Поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху изјави дека уште на почетокот на епидемијата во Македонија ги почитуваат сите препораки од Светската здравствена организација, нагласувајќи дека постојано апелираат до нивните верници да се придржуваат до мерките.

- Апелирањето беше не само преку ИВЗ туку се апелираше во сите џамии, на секоја петочна молитва, во сите меџлиси, групи и слично, и мислам дека тоа беше многу успешна работа. Што се однесува пак до вакцинацијата, ИВЗ имаше наредба кај сите верници вакцинацијата да се зема сериозно затоа што тоа е одлука на Светската здравствена организација, нагласи Фетаху.

И МПЦ на разни начини, изминатиот период апелираше до верниците да ги почитуваат сите мерки за заштита од корона вирусот, нагласи поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, истовремено кажувајќи ја добро познатата изрека: Подобро да спречиме, отколку да лечиме.

МПЦ преку соопштенија повеќепати во изминативе две години како и во посланијата за поголемите празници апелираше до верниот народ да се придржуваат на она што институциите апелираа. И овој пат ќе кажам, подобро е нешто да го спречиме отколку да го лечиме. Овој апел така треба да се разбере, упатен е до сите верници, изјави г.г. Стефан. 


Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза