26 Април, 2024
0.0369

Верушевски со „тежок багаж“ зад себе доби партиска функција во СДСМ

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

СДСМ на Централниот одбор ги избра претседателите на повеќе партиски комисии, а најголемо изненадување предизвика тоа што за претседател на комисијата за внатрешни работи е избран Зоран Верушевски.

Екс директорот на ДБК го носи товарот на контраверзна личност, барем таква е перцепцијата на јавноста, иако за добар дел од стручњаците тој е врвен професионалец кој солидно ја владее материјата безбедност и разузнавање. 

Верушевски потекнува од Струга. Тој е доктор на науки. Докторира во 1992 година на Факултетот за безбедност во Скопје, на тема „Терористичките акти на емиграцијата во југословенско - германските екстрадициони односи до почетокот на деведесетите години. Во биографијата на Верушевски стои и ангажманот, декан на ФОН Универзитетот на Факултетот за детективи и безбедност. 

Секогаш кога станува збор за раководни структури во МВР од редовите на СДСМ, се наметнува името на Зоран Верушевски. Кога социјалдемократите доживеаја пораз на изборите во 1998 година, заедно со нив во "опозиција" замина и овој професионалец. Следните четири години до 2002 е во длабока политичка сенка, се до септемвриската победа на СДСМ, тогаш на чело со Бранко Црвенковски.

Верушевски своевремено го напушти МВР кревајќи прав со еден доделен стан, кој наводно, бесправно го откупил, за веднаш потоа да го издава, бидејќи добил и друг - генералски. Верушевски тогаш ја фрапираше јавноста и со неговите малверзации околу сопственоста на двата државни стана. Медиумите тогаш пишуваа дека тој во почетокот се обидел да го релативизира скандалот, велејќи дека тој не е виновен што друг му ги доделил становите и дека нема правен механизам како да го врати станот. Подоцна се коригираше и најави дека ќе го врати едниот стан, и тоа помалиот. Имено, тогаш Зоран Верушевски, користејќи ја службената положба и хиерархиската надреденост, преку тогашната помошничка на министерот за правни и кадровски прашања барал и издејствувал решението за станот да се антидатира, при што во деловната книга било запишано како решението да било донесено во 1997 година. Со тоа тој се здобил со можност да го откупи станот. Јавноста тогап почна да притиска врз премиерот Бранко Црвенковски и министерот за внатрешни работи Хари Костов, веднаш откако Зоран Верушевски, беше назначен за директор на УБК. 

Поставувањето на Зоран Верушески за старо - нов директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање во 2002 година морало да се случи бидејќи за обелоденувањето на аферата "Прислушување" голем дел од работата завршил токму Верушески, пишуваа тогаш медиумите повикувајќи се на високи владини извори. Според тие извори, токму Верушевски бил главниот крт кој успеал да ги земе материјалите со прислушкуваните разговори, што Црвенковски ги обелодени во јавноста. Началникот на управата за прислушкување бил човек на Верушевски кој му го дал целиот материјал со прислушуваните разговори на политичари, новинари и други јавни личности, пишуваа тогаш медиумите. Затоа, Црвенковски не можел никако да го одбегне Верушески во кадровските комбинаторики. Коалицијата "Македонија без корупција" тогаш го обвинуваше дека на функцијата директор на ДБК доаѓа со еден куп валкан веш - два државни стана добиени со лажна изјава и земање на 24 плати или околу 10 илјади евра при напуштањето на асистенското место на Факултетот за безбедност. Неговото враќање во МВР се косело со тогашниот  Закон за работни односи со кој беше прецизирано дека лицето кое напуштило работно место со 24 плати, во наредните две години не смее да се вработи во истата дејност, во случајов во државни и јавни установи. „Среќен сум што борбата против корупцијата ја почнавте токму од мене. Но вашето интресирање за мене траеше само два три дена. Овојпат се надевам дека истрагата ќе трае подолго" вака на новинарите им се обрати тогаш новоназначениот директор на Дирекцијата за државна безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски. 

Разузнувачот во 2006 година официјално беше именуван за советник во македонската амбасада во Рим. Верушевски во амбасадата беше упатен како "советник одговорен за безбедносни прашања". Верушевски за Рим замина како предлог и избор на тогашниот директор на Агенцијата Лазе Китановски. Во описот на работното место на Верушевски, како што велеа тогаш од МНР беа грижата за безбедноста во амбасадата, соработката со безбедносните служби на земјата во која е на работа, и координација со нив околу современите закани по безбедноста - како што се тероризмот, трговијата со дрога, бело робје, оружје за масовно уништување, тврдеа од тогашното МНР. 

Дамка во неговата кариера беа и многуте скандали поврзани со неговиот син Александар Верушевски. Тој беше во фокусот на јавноста заради проблемите што ги имаше со законот во Македонија. Младиот Верушевски беше осудуван со затвор за обид за изнуда во едно струшко кафуле, а меѓу кривичните дела му се запишани и обид за убиство, газење човек со автомобил (службено возило на МВР) и носење пиштол. Постариот Верушевски постојано повторуваше дека син му го местат и ги оспоруваше судските одлуки како неосновани. 

Тој  своевремено (2006 година) изјавуваше дека сакаат да го ликвидираат структурите во државата што шверцуваат нафта, цигари и акцизна стока. Не наведуваше имиња, но тврдеше дека има документација за заканите, и за нив разговараше со тогашниот јавен обвинител Александар Прчески. "Ќе доставам документи за моја ликвидација и се надевам дека господинот Александар Прчевски серизно ќе ги сфати, ќе преземе мерки и ќе допре до структурите во МВР кои работат против мојот син", изјави во 2006 година разузнавачот Зоран Верушевски по судењето на неговиот син Александар, обвинет за недозволено држење оружје. "Документите ги добив од мои луѓе во МВР и се надевам дека МВР ќе ги идентификува луѓето кои сакаат да ме ликвидираат", тврдеше Верушевски. 

Големо изненадување беше веста за апсењето на екс директорот на ДБК, Зоран Верушевски во јануари 2015 ои менаџирањето на извлекувањето на „бомбите“ од УБК. Речиси и да не беше активен на политичката сцена, скоро и да го заборави јавноста. Откако спектакуларно беше приведен му беше одреден притвор од 30 дена.Во соопштението од Јавното обвинителство, Верушевски не беше спомнат со име, туку се наведуваше дека изречената мерка се однесува за поранешен висок функционер кој се сомничи за две кривични дела - „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје  и „Прикажување порнографски материјал на дете“. Реагирано е и по наредба за одземање компјутерски систем и нивна анализа, пред да се отвори пропаднатиот случај „Пуч“.


Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби