Весковски: Да се обединиме и да го дадеме својот глас за нова енергија, нови проекти, подобра иднина
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2021
Заедно тргнавме по патот за најдоброто за нашата општина, најдоброто за нашата држава, вели кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ, Душко Весковски.
„Заедно и обединети треба да продолжиме напред за да ја постигнеме целта и да го оствариме најдоброто за Карпош. Нашата општина може и мора да оди само напред, со реализација на граѓанскиот концепт, со реализација на проевропскиот концепт преку реално остварливи проекти од полза за секој граѓанин“, вели во своето обраќање Весковски.
Вели дека им претстои многу работа.
„Пред нас, претстои многу работа, треба да вложиме заеднички труд за да го направиме најдоброто за Карпош, да го направиме уште подобро место за живеење и сите да се гордееме што сме карпошани. Карпош да биде општина за пример, не само во државата, туку и пошироко. Да се обединиме и заеднички да ја потврдиме довербата која води до победа, победа за најдоброто. Да се обединиме и да го дадеме својот глас за нова енергија, нови проекти, подобра иднина. На 31 октомври да го заокружиме бројот 12 и да ставиме крај на манипулациите, измамите, лагите и лажните ветувања. Да не се враќаме во минатото, туку да продолжиме по патот кој води напред, патот за НАЈДОБРОТО ЗА КАРПОШ“, рече тој.