Весник тврди дека Трамп е подготвен за поделба на Косово
Објавено во: Свет 27 Јули, 2018
Според косовскиот „Gazeta Express“, американскиот претседател Доналд Трамп,, наводно ја поддржува идејата за поделба на Косово како една од можните варијанти за компромис со Србија. Косово ќе треба да се откаже од дел од територијата на север со цел да добие признание од Белград.
Се тврди дека администрацијата на Трамп и ставот на Русија во врска со поделбата на Косово се совпаѓаат и дека претседателот на САД, најверојатно, наводно се согласил со планот со рускиот претседател Владимир Путин за време на нивниот самит во Хелсинки.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека ако не се воспостави таков „демаркациски договор“, Албанците ќе се прошират низ цела Србија во наредните години поради високите стапки на наталитет.
„Се трудиме да пронајдеме некој заеднички именител. Со ништо нема да излезам пред јавноста во Белград, додека не разговарам со вас“, рече тој