26 Април, 2024
0.0287

ВИЦЕ ЗАЕВ ЖЕСТОКО ДО ВМРО-ДПМНЕ - на суд ќе ги докажуваат подлите лаги за запалените автомобили

Објавено во: Македонија 09 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Братот на лидерот на СДСМ, Вице Заев, преку писмена реакција до јавноста, ги демантира денешните обвинувања од ВМРО ДПМНЕ. 

„По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува колку се далеку од етиката, професионалноста и моралот и како со невиден аматеризам го доуништиваат она што останало во нивните редови. ВМРО-ДПМНЕ, ги повикувам, ако не е лага тоа што го тврдат, тогаш веднаш, се што имат како доказ или сомнеж да го однесат и пријават во обвинителството и во сите надлежни институции и слободно да го објават јавно. И јас сум подготвен да одговарам. Но ако немаат ништо од тоа, како и што сум сигурен дека немаат, тогаш еднаш засекогаш треба да се стави крај на импровизациите во политиката, етикетите, подлите лаги и напади и омрзата која ја внесуваат со години наназад. Партиската говорница не смее и не може да биде заштита за секојдневните лаги и шпекулации затоа секој ќе мора да го докаже тоа што го тврди на суд. Прашалната форма „дали“ воопшто не гарантира амнестија за изнесените лаги, и само е уште еден доказ за лагите и етикетите, безидејноста и омразата. Јас Вице Заев не сум јавна личност, сум избрал да водам приватен живот, далеку од очите на јавноста и од политиката во која упорно сакаат да ме инволвираат. Ниту одлучувам, ниту можам да одлучувам за нешто. И сега и во иднина, за секоја ваква лага ќе мора се секој да се појави пред суд, да го докаже тоа што го тврди во јавноста или да ја надомести големата штета што ми се нанесува“, се наведува во неговата писмена реакција. 

А претходно, ВНРО-ДПМНЕ прашаа дали Вице Заев се активира и во Скопје?!  

„Дали Вице Заев, братот на Зоран Заев, за кој слушнавме дека давал насоки чие возило да биде опожарено е нарачателот на палењето на возила во Скопје?!, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Аздисуваат ли бандите на власта и дали зад сцената се случува нова мафијашка пресметка?!

Скопје повторно станува како Бејрут. Запалени автомобили на секаде, а СДСМ не реагира преку институциите, кои сеуште се под нивна контрола. Ова само говори дека или мафијашите делуваат под нивна наредба или дека се неспособни да се справат со обични криминални  пресметки кои им се случуваат пред нос.

„Криминалот и мафијашките пресметки мора да запрат. За ова мора да има одговорност. Безбедноста на граѓаните е пред се“, додаваат оттаму.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица