15 Мај, 2024
0.0481

(ВИДЕО) Ако ви се случи ова на Андроид, ќе ви се уништи телефонот. Еве и како!

Објавено во: Стил 30 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

На Андроид е откриен уште еден безбедносен проблем кој има врска со видео снимките. Компанијата Трендо Микро го открила проблемот при репродукција на „MKV“ видео фајлови внатре во апликацијата и сајтови, кој предизвикува пад на “mediaserver” сервисот што телефонот ќе го направи практично неупотреблив.

Овој проблем целокупниот интерфејс на телефон ќе го направи неупотреблив и истовремено ќе ги исклучи сите повици и нотификации.

Некои корисници нема дури ни да успеат да го отклучат телефонот, а хакерите кои го нападнале можат да го држат заклучен и да го уценуваат сопственикот да плати откупнина.

Тренд Микро за овој проблем Гугл го информираше уште во средината на мај, но интернет гигантот го означи како проблем со нисок приоритет.

Гугл вети дека грешката ќе ја исправи со следната верзија на Андроид, а овој проблем најмногу влијае на 4.3 верзијата и се после неа, што отприлика е половина од сите Андроид уреди.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/gjn5QTaQ0fk[/embed]