(ВИДЕО) АЛБАНИЈА Е СПРЕМНА ДА ГИ ПРИМИ МИГРАНТИТЕ OД ИТАЛИЈА: Двата центри се отворени
Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2024
Во соседна Албанија во Лежа се отворени два прифатни центри каде Италија ќе испраќа мигранти. Предвидено е првите мигранти во Албанија да пристигнат деновиве.
Ова е врз основа на договорот потпишан на 6 ноември лани помеѓу двете земји за регулирање на илегалната миграција во Европска Унија.
Според договорот меѓу Рим и Тирана, илегалните мигранти кои пристигнуваат во Италија ќе бидат транспортирани со брод до пристаништето Шенѓин, каде ќе им се утврдува идентитетот и ќе им се прави првиот здравствен преглед, по што ќе бидат префрлени во блискиот град Ѓадр, поранешна воена база, каде што ќе бидат сместени и ќе го чекаат одговорот на барањето за азил. Во центрите можат да престојуваат до 3.000 мигранти месечно или 36.000 годишно.
Лани во Италија пристигнале повеќе од 145.000 мигранти, наспроти околу 88.000 во 2022 година.
Dentro i nuovi centri #migranti in #Albania, consegnati dopo il collaudo. Saranno operativi dalla prossima settimana pic.twitter.com/KX3C2NRQex
— askanews (@askanews_ita) October 12, 2024
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.