(ВИДЕО) Апокалиптични сцени: Прогласена катастрофа по бесното торнадо во американска држава
Објавено во: Свет 21 Јули, 2018
Гувернерот на американската сојузна држава Ајова прогласи катастрофа во четири окрузи погодени од торнада.
Тој потег на Ким Рејнолдс овозможува да се користат државни ресурси како би се помогнало во отстранување на штети, настанати откако торнадо поминало низ окрузите Ли, Маршал, Полк и ван Бурен.
Навионалната метеоролошка служба соопштила дека најмалку едно деструктивно торнадо поминало низ централна Ајова, со сила на ветрот од 144 м/ч.
Во невремето се повредени 17 лица.
Foto: Printscreen/ Youtube