27 Април, 2024
0.0280

(ВИДЕО) Апостолска: Над 3,5 милиони фискални сметки скенирале граѓаните

Објавено во: Економија 21 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Заклучно до 17 јули граѓаните преку мерката „Мој ДДВ“ скенирале над 3,5 милиони фискални сметки, информираше министерската без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, која во Прилеп се вклучи во промотивната кампања на Управата за јавни приходи.

Според неа досега е направен промет од околу две милијарди денари, од кои повратот на ДДВ кај граѓаните се движи околу 30 милиони денари.

„ Целта на прокетот „Мој ДДВ“ има две основни придобивки: поврат на приходите на граѓаните што всушност би претставувало поврат од една плата плус, а како бенефит може да се смета дека граѓаните ќе се вклучат и ќе придонесат во сузбивањето на сивата економија, односно, во подобрувањето на наплатата на даноците. Со ова, буџетот има зголемен прилив, се зголемува поторшувачката и сето влијае врз економскиот пораст и на животниот стандард на граѓаните“, потенцираше Апостолска

Исто така, министерката додаде дека се решени сите детали околу симнувањето на апликацијата, а во подружниците на УЈП има штандови на кои секојдневно им се објаснува на граѓаните.

Мерката стартуваше од 1 јули, а според инфрмациите од УЈП граѓаните покажуваат интерес и ги скенираат сметките. Се зголемил доста и бројот на пријави од граѓани за објекти.


Видео и Фото  Влада на Република Северна Македонија

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра